Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
1Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДСКаде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски?Со секој изминат ден криминалните структури на СДС се повеќе излегуваат на површина. Случајот со државните стокови резерви ја покажа целата нечесност и криминогеност на кадрите на СДС, кои лична корист се спремни да го жртвуваат дури и лебот на народот. Во последната акција на истражните органи, заедно со уште четири службени лица, опфатен е Трајан Димковски, дел од раководните структури на СДС кој е поранешен министер и заменик министер за земјоделие, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски. Димковски се товарат дека во периодот од 2019-2021 година, заедно со другите службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра. До владата, Димковски поднел записник дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а владините претставници како Филипче, Заев и Николовски го донеле заклучокот на владина седница. Не само што не провериле пред да се донеси заклучокот на владината седница, туку истите овие лица знаеле дека нема законска основа да се зема предвид тој период, затоа што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната пченица и јачмен, а до 2019 се правеле редовни контроли каде не бил констатиран кусок. Со други зборови, пченицата била отпишана, иако постоела и била употреблива, а кусокот, веројатно, бил за периодот од 2019 до 2021 година. Вреди да се напомни дека тој период се поклопува енергетската криза и со корона периодот, каде цените на храната вртоглаво растеа, и затоа јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица? Дали е точно дека завршиле на црниот пазар во некоја од соседните држави и дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, профитирал од овој криминал врз грбот на граѓаните, па за тоа сега е гласен во јавноста исплашен од одговорност. Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност и целосно расветлување на случајот. Секој кој профитирал врз грбот на граѓаните да сноси одговорност и СДС да престане да ги брани криминалците од своите редови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/часНа 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во Општина БутелДенес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани. Општина БутелКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓаниСо вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години. Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат. Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.Тагови: сезонски грип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28