ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ и останатите партии да ги прифатат барањата на матурантите

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ и останатите партии да ги прифатат барањата на матурантите кои се преточени во законски измени.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува пратеничките групи и пратениците во Собранието на Република Македонија да го подржат Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за средно образование кои се доставени до Собранието. Овој предлог закон е во насока да се излезе во пресрет на барањата на средношколците кои во услови на КОВИД-19 пандемија, бараат бројот на предмети за полагање на матура да се скратат од 4 на 2 предмети и на тој начин да се прекине бојкотот на образовниот процес.

Сметаме дека нивните барања се оправдани со оглед на фактот што образовниот процес се одвива во вонредни услови поради пандемијата, учебната 2020/21 година започна со еден месец задоцнување со скратени програми и скратено времетраење на училишниот час. Дополнително учениците во оваа учебна година немаа можност за реализација на целосна практична настава и поради отсуството на соодветни технички услови за следење на образовниот процес кај дел од нив.

Заради тоа со ваквите измени не само што ќе се дефинира бројот на предмети за полагање, туку и ќе се утврди времетраењето на важноста на овој закон. Патем ваков сличен пример за измени на системите за полагање на испити се применети и во други европски земји како Белгија, Франција Обединетото Кралство, Ирска,

Жалиме што министерството за образование и наука предводено од министерката Мила Царовска немаше слух да излезе во пресрет на објективните и оправдани барања на средношколците и затоа на овој начин ќе ја исправиме штетата од нивната ароганција. Очекуваме дека пратениците од владејачкото мнозинство и останатите пратенички групи ќе дадат поддршка на ваквиот Предлог Закон за измени и дополнувања на Законот за средно образование и на тој начин ќе овозможат непречен образовен процес во услови на пандемија, со цел ниту учениците, ниту родителите ниту образованието да трпат штетни последици и да не ни случи да губиме генерација средносшколци разочарани од системот и образованието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

 Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите.

Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба.

Полициската управа на Вашингтон соопшти дека возилото удрило во безбедносната бариера на раскрсницата на улицата 15 и авенијата Пенсилванија.

притисни ентер