ВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор

Приклучувањето кон иницијативата ,,Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да користат пакети за мобилни услуги, интернет, повици, СМС пораки, во земјите од ЕУ, по цени исти како и дома.

ВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор

Ова претставува директна придобивка од европската интеграција, која ќе донесе пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, како и подобри услови за работење на компаниите и поевтина прекугранична соработка.

Со цел усогласување на македонското законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, изработени се четири гап-анализи за прилагодување . Врз основа на овие анализи беше подготвен законски текст за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации.

Во рамки на подготовката на законската рамка потребна за пристапување кон иницијативата „Роаминг како дома“, Нацрт-законот беше објавен на ЕНЕР на 20 јануари 2026 година, додека на 24 февруари 2026 година беше утврден текстот на Предлог-законот.

На 4 јуни 2026 година, Советот на ЕУ го одобри отпочнувањето на преговорите со земјите од Западен Балкан за проширување на иницијативата „Roam Like at Home“. Ова е важен политички сигнал и формален почеток на процесот за вклучување на земјите од Западен Балкан во европскиот роаминг-простор.

Во насока на понатамошно придвижување на процесот, на 12 јуни 2026 година министерот за дигитална трансформација ќе присуствува на состанок со министрите од земјите од Западен Балкан и претставници на Европската комисија, на кој ќе се разговара за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и степенот на подготвеност на земјите за пристапување кон иницијативата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги става интересите на македонските граѓани во фокусот на своето работење. Оваа иницијатива има директно значење за граѓаните, компаниите, студентите, работниците и за сите кои секојдневно комуницираат и соработуваат со земјите од Европската Унија.

Преку усогласување на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Владата јасно ја потврдува својата посветеност на европската интеграција, a се спроведуваат конкретни мерки кои носат практични придобивки и придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Првите два месеци од летото во западна Европа беа најжешките досега, соопшти Климатскиот мониторинг на Европската унија,  континентот се бори со катастрофални пожари и се подготвува за уште еден топлотен бран.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Просечната температура за јуни и јули беше 21,62 степени целзиусови, околу 2,79 степени над просекот и го надмина претходниот рекорд за топлина поставен во 2022 година, соопшти службата за климатски промени „Коперник“.

Јули беше исто така најжешкиот месец некогаш регистриран за океаните со рекордно високи температури по должината на Атлантикот и западниот Медитеран, ставајќи го во опасност морскиот живот и крајбрежните заедници. Условите беа делумно поттикнати од таканаречениот „супер“ временски модел Ел Нињо што се развиваше во Пацификот.

Континентот е погоден од низа смртоносни топлотни бранови, а за оваа недела се прогнозираат уште повисоки температури. Топлината уби повеќе од 25.000 луѓе низ Европа оваа година, според податоците од Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

Срамно и понижувачки.

Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба.

Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно.

Го погрешија македонското знаме.

Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат.

За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти.

За македонско знаме – аматери.

Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба.

Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже:

Која компанија била ангажирана?

Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?

Колку пари се потрошени?

Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец

Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец.

Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец

Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец, но повтори дека САД мора да исполнат други услови, вклучително и компензација и укинување на санкциите и да престанат воените закани, пред повторно да се отвори стратешкиот воден пат.

Американски функционер во петокот за Ројтерс изјави дека Иран и Оман се блиску до договор што би можел да го отвори патот за враќање на безбедното минување низ теснецот, главен канал за испорака на нафта и гас пред Иран да го блокира, како одговор на нападите на сад и израел врз техеран што започнаа кон крајот на февруари.

Американскиот претседател Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека САД се „дискретни“ во преговорите со Иран.

„Ние само полупреговараме со нив. Само го гледаме иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари“.реќе тој.иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи рече дека повторното отворање на теснецот делумно ќе зависи од тоа дали сад ќе платат компензација за штетата предизвикана во широките напади врз Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер