ВМРО-ДПМНЕ:Има многу причини зошто договорот од Преспа е капитулантски и противуставен

Неверојатно со каква леснотија човекот продолжува да лаже и тоа во Собранието на Република Македонија, да ги лаже пратениците, избраниците на народот, истиот народ коj не успеа да го излаже на референдум.

И тоа го прави во исто време кога поднесува амандмани каде името Македонија се брише 288 пати во Уставот. Заев продолжува со манипулациите за измените на Уставот во чиј што текст повеќе нема да смее да се употреби Република Македонија, ниту пак некаде ќе смее да се употреби Република Македонија, ниту придавките кои произлегуваат од Македонија, како Македонски, Македонско, Македонска. Се менува идентитетот, се менува инстуционалниот идентитет со кој што се идентификуваат граѓаните, се менува културата. Зоран Заев го менува минатото, ја брише ИДНИНАТА на Република Македонија!

Има многу причини зошто Договорот од Преспа е капитулантски и противуставен, и тоа не е само затоа што граѓаните го отфрлија на референдум. За тоа се свесни и во кабинетот на Зоран Заев, до толку што Министерството за правда се иззема од уставните измени и како надлежен претставник го става министерот Никола Димитров како шеф на МНР што е до сега невидена практика. Измени на Уставот СЕКОГАШ предлага Министерството за правда, но овој пат министерството одлучи да избега.

Ваквите измени би биле само почеток, бидејќи многу од прашањата уредени во договорот, во капитулацијата не се опфатени со уставните измени. На пример, што ќе се случува со придавките македонско/македонска/македонски, кои согласно чл. 7 од Договорот мора да бидат дообјаснети. Исто така и кај македонскиот јазик мора да има објаснување како што стои исто во чл. 7, точка 4 од Договорот од капитулацијата од Преспа.

Граѓаните го кажаа своето вртејќи грб на капитулантскиот договор и на штетноста на оваа донесена власт за една намена. Од Зоран Заев не може да се очекува ништо повеќе од поддршка, заштита и поттикнување на криминал и продажба на националните и државни интереси во замена за бегство од правото и правдата.

Крајно време е оваа власт да замине. Република Македонија победи на референдумот, Република Македонија ја порази оваа насилничка, криминогена и капитулантска влада!

Време и е да замине!

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ал-Итихад сака да го ангажира Тер Штеген

 Ал-Итихад е заинтересиран за трансфер на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, пренесува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски портал, клубот од Саудиска Арабија има намера да го придобие германскиот голман на крајот од актуелната сезона. Спортскиот директор на Ал-Итихад Рамон Планес, кој претходно работеше во Барселона, верува дека Тер Штеген добро ќе се вклопи во тимот од Џеда.

Во август, 32-годишниот фудбалер потпиша нов договор со Барселона, кој трае до јуни 2028 година.

Тер Штеген игра за „Блауграна“ од 2014 година. Сезонава одигра 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува 14 пати мрежата „чиста“.

Во Нова Каледонија аеродромот е затворен поради протести и воведен е полициски час

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија денеска упатија повик за смирување на тензиите по немирите кои избија во главниот град Нумеа поради дискусијата за уставните измени во Собранието во Париз, кои ги осудуваат сепаратистите на оваа француска прекуморска територија.

Луис Ле Фран, високиот комесар на Париз на територијата на Пацификот, рече дека демонстрантите впериле оружје од голем калибар и ловечки пушки кон жандармите. Тој додаде дека нема жртви.

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија објавија дека наставата во училиштата е прекината и дека меѓународниот аеродром е затворен. Немири избија вчера за време на демонстрациите против предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.

Апел за помош за лекување на младиот Бошко Јанкулов

На младиот кавадарчанец кој се лекува во Турција му е дијагностициран канцер на карлица.

Нема цена за шансата на Бошко!

Се надевам сите се сеќавате на Бошко Јанкулов, студентот на кој што му беше дијагностициран канцер на карлица. Бошко веќе подолго време е на лекување во Турција, за кое лекување и напредок најголема заслуга имате сите вие добри луѓе кои секогаш несебично помагавте. Претстои операција за целосно отстранување на канцерот!

После сето лекување и 6 хемотерапии покасно, резултатите се ветувачки и конечно туморот е намален, па на Бошко му претстои операција за целосно отстранување на истиот и лекување со радиотерапија и имунотерапија. Меѓутоа финансиските средства се целосно исцрпени и повторно му треба нашата помош за конечно да може да прооди. Неговата битка за целосно опоравување е при крај, но без вас не можеме да успееме, па ве молиме од срце кој колку може да донира или барем масовно споделување на постот. Затоа што заедно сме посилни!

Буџет на кампањата

Целосните финансии потребни за третманот изнесуваат 30000 евра.

притисни ентер