Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
Ѓорѓиевски: Средба со бордот на директори од ЕБОР - Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните
1Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
2Ѓорѓиевски: Средба со бордот на директори од ЕБОР - Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните
3Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 од Тетово со иницијатива за забрана на здружението ХУТА Тетово
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Илјада пати повторена лага на талогот од СДС не станува вистина, мали Фрчко повторно ја загуши „бомбата’’Мали Фрчко и талогот од СДС мислат дека ако повторат некоја лага по илјада пати, таа магично ќе стане вистина.Граѓаните јасно ги имаат прочитано очајните обиди на талогот од СДС, но очигледно дека Фројд работи кај нив, па еве повторно да ја загушиме „бомбата’’ на СДС. Искрено се надеваме дека овој пат СДС не користеле психотропни супстанци, затоа што лошо им делуваат во нивниот однос кон јавноста, т.е. ги тера многу на лажење, манипулирање и дезинформирање. Имено, во март минатата година беше јасно соопштено дека вредноста на првата оспорувана набавка изнесувала речиси 40 проценти помалку од планираната вредност. Со тоа биле заштедени околу еден милион денари од парите на граѓаните, а опремата била навремено и квалитетно испорачана. За постапката не била поднесена ниту една жалба. Исто така, беше јасно утврдено дека државниот секретар во Министерството за дигитална трансформација не учествувал во ниту една фаза од постапките за јавни набавки, додека министерот не учествува во подготовката на техничките спецификации, евалуацијата и изборот на економските оператори. Денеска СДС и мали Фрчко се обидуваат старата конструкција да ја надградат со нови инсинуации, засновани на некакви претпоставени поранешни деловни односи меѓу приватни лица. Но поврзувањето имиња и компании не е доказ за корупција, судир на интереси или незаконско влијание. Кога станува збор за конкретниот Систем за управување со документи – ДМС, чие одржување СДС се обидува да го претстави како афера, фактите се целосно спротивни од нивните конструкции. Од наследен и нефункционален систем, денес ДМС активно го користат повеќе од 45 институции. Тоа значи електронско, ефикасно и следливо управување со документите и предметите во институциите. Секој предмет има електронска трага и може да се следи неговото движење и постапување, наместо да остане заборавен или намерно скриен во нечија фиока. Тоа е вистинската дигитална трансформација што СДС не успеа да ја спроведе додека беше на власт. На денешната прес-конференција не беше презентиран ниту еден доказ дека некој влијаел врз условите на постапките, дека критериумите биле приспособени за одредена компанија, дека била прекршена законска одредба или дека бил извршен незаконски трансфер на средства. СДС повторно се обидува политичките претпоставки да ги претстави како пресуда. Сите постапки во Министерството за дигитална трансформација се спроведуваат согласно законските процедури, преку Електронскиот систем за јавни набавки, од стручни комисии и со целосна документација достапна за проверка. Додека тие рециклираат демантирани лаги, Министерството за дигитална трансформација испорачува конкретни резултати за граѓаните. Бројот на електронски услуги е зголемен од 120 на 352, бројот на корисници од 110.000 на повеќе од 266.000, а бројот на поднесени барања од 64.000 на над 340.000. Напредокот на Македонија во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста е потврден и во релевантни меѓународни извештаи и индекси. Токму овие резултати најмногу му пречат на СДС. Свесни се дека Министерството бележи драстичен напредок и дека од него најголема корист имаат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави Шумската полиција спроведе засилени акции против нелегалната сеча низ целата држава, при што во текот на септември и во почетокот на октомври беа запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и поднесени 140 пријави.Привремено се одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и други предмети употребени за незаконска сеча и превоз на дрва. Акциите се спроведуваат паралелно со секојдневните редовни контроли, со посебно внимание на подрачјата каде што поизразено дејствуваат организирани групи на дрвокрадци. Контролите се насочени и кон сузбивање на нелегалното снабдување со дрва на населението и на производствените капацитети, а со кои се нанесува значителна штета на шумскиот фонд. „Засилените акции ќе продолжат и во наредниот период, на целата територија на државата. Заштитата на шумите е јавен интерес и наша институционална одговорност. Шумската полиција ја има целосната поддршка на Министерството да постапува одлучно и доследно против незаконската сеча, транспортот и трговијата со дрва, во рамките на своите законски овластувања“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Во пресрет на грејната сезона, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до граѓаните да купуваат огревно дрво само од лиценцирани продавачи и складови. Со набавката на дрва од легални извори активно се придонесува за спречување на нелегалната трговија и за заштита на шумите. Воедно, граѓаните се повикуваат да пријавуваат сомнежи за незаконска сеча, транспорт и продажба на дрва до Шумската полиција и другите надлежни органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Средба со бордот на директори од ЕБОР - Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓанитеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел продлабочување на соработката за реализација на стратешките инвестиции.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел продлабочување на соработката за реализација на стратешките инвестиции што му се потребни на нашиот град. На средбата се разговараше за неколку стратешки проекти кои Градот Скопје ги реализира со поддршка на ЕБОР, како проектот за воведување Брз автобуски превоз (БРТ) и проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Трубарево. - Мојата определба е цврста. Секој проект мора да решава вистински проблем, а секоја инвестиција да носи конкретна придобивка за скопјани. Посебен акцент ставивме на Брзиот автобуски превоз - БРТ. Веќе е започната постапката за претквалификација на изведувачи за Линија 1, а паралелно продолжуваат активностите за обезбедување стручна поддршка за реализација на проектот. Скопјани заслужуваат побрз, посигурен и поквалитетен јавен превоз. Помалку време во сообраќај, полесно пристигнување на работа и на училиште, помал метеж и почист воздух. Разговаравме и за пречистителната станица за отпадни води во Трубарево, инвестиција од огромно значење за заштитата на водите, животната средина и здравјето на граѓаните. За овие придобивки работам и на нив останувам целосно посветен. Тоа е одговорност и кон генерациите на кои ќе им го оставиме овој град – рече градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја потврди и определбата за понатамошна соработка во модернизацијата на инфраструктурата, енергетската ефикасност и реализацијата на Зелениот акциски план за Скопје. - Довербата што ја добив од граѓаните е мојата најголема обврска. Ќе продолжам да ги придвижувам проектите и истрајно да работам до нивна реализација. Нашиот успех мора да се чувствува во секојдневието на скопјани. За Скопје што оди напред. За град на кој повторно ќе бидеме горди. Заедно продолжуваме да работиме на проекти што ќе остават трајна вредност за Скопје и неговите граѓани – истакна Ѓорѓиевски. На средбата, градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до делегацијата, раководството и тимот на ЕБОР за посетата, долгогодишната поддршка и конструктивната соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 од Тетово со иницијатива за забрана на здружението ХУТА ТетовоСојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово денес 14.10.2026 година до Јавното обвинителство поднесе Иницијатива за забрана на работа на организацијата Здружение за култура и заштита на духовно и културно наследство ХУТА.Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово денес 14.10.2026 година до Јавното обвинителство поднесе Иницијатива за забрана на работа на организацијата Здружение за култура и заштита на духовно и културно наследство ХУТА Тетово, која работи и делува во Тетово и е сопственик на веб страна со домен: https://www.tetovamuzeuvirtual.org/, a на социјалната мрежа facebook е активна со своја официјална страна https://www.facebook.com/tetovomuseum именувана како Muzeu Virtual i Tetovës / Виртуелен Музеј на Тетово. Иницијативата ја поднесуваме врз основ на член 66 ст 1, а во врска со чл. 65.ст.1 од Законот за здруженија и фондации и бараме надлежниот јавен обвинител поради постоење на причини за забрана на работата на Здружението ХУТА да достави предлог за забрана на работењето на Здружението ХУТА до надлежниот Основен суд во Тетово. Законот за здруженија и фондации јасно определил ЗАБРАНА ЗА РАБОТА на организација ако: поттикнува агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, презема активности кои се спротивни на Уставот и законот, има програма, цели, дејности кои предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција, омраза, или се форма на поддршка, односно одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот – рајх. Здружението ХУТА во последната своја објава го оспорува значењето на државниот празник 11 Октовмри – Ден на востанието и го претставува во негативно светло, славејќи и величајќи ги окупаторите и нивните соработници, споделувајќи слика од озогласениот фашистички батаљон Љуботен како со карактеристичниот нацистички поздрав салутира на фашистот Гајур Дерала, а притоа го велича и злосторникот Џемо Хаса. Во многу нивни објави се врши историски ревизионизам, народно-ослободителната војна на македонскиот народ и народностите се негира, а за сметка на тоа се афирмира наследството на негативните личности како Џафер Сулејмани, Шаип Камбери, Гајур Дерала, Џемо Хаса, Роберто Паријани, и многу други фашисти. Постапувајќи на овој начин подолг временски период исполнети се условите за отпочнување на законска постапка за забрана за работа на ваквата организација. Нејзиното понатамошно постоење и функцинирање штети на уставно-правниот поредок, ги повредува чувствата, правата и слободите на граѓаните и создава непоправлива штета врз меѓуетничките односи кои се особено значајни и мора да се негуваат како посебна вредност на нашето општество. Македонија и Тетово мора да се развиваат растеретени од поединци, групи и организации кои свесно и намерно внесуваат немир, спроведуваат агенди и нео-фашистички политики кои покрај тоа што го прекршуваат законот имаат за цел да го фрагментираат општеството и вештачки да создаваат високо ниво на конфронтираност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00