ВМРО-ДПМНЕ: Грантови до 10.000 евра за млади и ранливи групи преку мерките од Оперативниот план - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Грантови до 10.000 евра за млади и ранливи групи преку мерките од Оперативниот план

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање нови работни места со цел младите да останат во државата.

ВМРО-ДПМНЕ: Грантови до 10.000 евра за млади и ранливи групи преку мерките од Оперативниот план

Грижата на Владата за младите продолжува преку сеопфатна стратегија и оперативен план од 40 милиони евра кој ќе опфати над 16.000 граѓани.

Се објави јавниот повик од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кој се однесува на две нови мерки наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, официјално се објави повикот за Мерка 1.1 и Мерката 1.2.

Преку Мерката 1.1 се доделува грант од 430.500 денари (околу 7.000 евра), за граѓаните над 29 години, а преку мерката Мерката 1.2. се доделува грант до 615.000 денари (10.000 евра) за започнување сопствена дејност за лицата до 29 години.

За лица со попреченост се предвидени средства до 250.000 денари над основниот грант, со цел да се создадат еднакви услови за сите заинтересирани.

Двете мерки вклучуваат и целосна поддршка преку обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство, со цел граѓаните не само да добијат финансиска поддршка, туку и знаење и насоки за успешно водење на сопствен бизнис.

Преку мерките и проектите владата ја потврдува посветеноста на создавање на инклузивен пазар на трудот и зајакнување на поединецот како клучен актер во економскиот развој на земјата.

Преку овие мерки се создаваат реални улови за развој, вработување, самовработување, како и развој на претприемништвото и долгорочен економски раст,се наведува во партиското соопштение.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Најмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресите предизвикаа и материјална штета, што дополнително ќе се проценува.

притисни ентер