Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
2Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасВладата својата неспособност да обезбеди евтин гас кога тоа го правеа другите држави сега ја става на товар на граѓаните и општините - Веднаш да се отпочне процесот кој ќе ги вклучи сите чинители и ќе обезбеди трајно решениеВладата својата неспособност да обезбеди евтин гас кога тоа го правеа другите држави сега ја става на товар на граѓаните и општините - Веднаш да се отпочне процесот кој ќе ги вклучи сите чинители и ќе обезбеди трајно решение Доколку владата на Заев и пиунот Ковачевски наместо да се занимава со местење тендери, се потрудеше да обезбеди на меѓународниот пазар како сите влади од регионот и светот да обезбеди евтин гас, македонските компании и граѓани сега немаше да плаќаат најскап гас. Граѓаните сега плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасот, кога тоа го правеа владите на другите држави. Само за споредба, Србија плаќа гас по цена од 270 евра за кубен метар, Турција 210 евра, Германија 230 евра. Македонија и македонските компании плаќаат цена и до 3 пати поголема од таа што ја плаќаат овие држави и нивните компании, и тоа е само заради неспособноста на СДСМ. Таа разлика од минимум 500 евра по кубен метар гас повеќе, ако се преговараше на време немаше да биде на терет на народот и буџетот. Владата на пиунот на Заев, Ковачевски сега својата неспособност ја става на товар на граѓаните, и тие пари наместо за нови инвестиции или гасоводи ќе одат за плаќање на скап гас. Дополнително пиунот Ковачевски сака да го вовлече градот Скопје во криминал и да го наведе на работи кои не се предвидени согласно закон. Владата да не ги вовлекува општините кои ги остави во долгови, а додека владата набавува луксузен прибор за јадење. Градот Скопје, ниту општините во градот, или другите општини не се ниту произведувач, ниту дистрибутер на топлинската енергија, тие немаат ниту правен субјект кој може да работи на тоа поле за да може било како да влијаат на цените. Единствено одговорна е владата, и тие таа своја грешка мора да ја признаат и низ еден транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени сите чинители да се изнајде трајно решение без граѓаните да го почувствуваат товарот на поскапувањето. Задоволни сме што Бектеши го послуша и го прифати предлогот на претседателот Мицкоски, кој вклучува ставање во системот за производство на топлинска енергија на енергетскиот потенцијал ТЕ – ТО во време на викендите, зошто овој капацитет сега не работи за време на викендите, така ќе имаме и дополнителна домашна струја, и поголема количина топлинска енергија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен тајфун се приближува кон Тајван- откажани се над 1.000 летови (ВИДЕО) Тајфунот Чампи се приближува кон Тајван, каде што секојдневниот живот е речиси целосно запрен поради силната бура. Иако бурата ослабе, метеоролозите предупредуваат на екстремно силни ветрови и обилни дождови. Едно лице веќе почина, 94 се повредени, а речиси илјада летови се откажани, пишува Ројтерс. Чампи во еден момент достигна сила на супертајфун и беше една од најсилните бури во Пацификот оваа година. Според податоците од Тајванската метеоролошка администрација (CWA), ветровите во неговиот центар достигнаа брзина до 191 километар на час. #IGR: Taiwan Shuts Down Ahead of Typhoon Champi's Arrival Almost all of Taiwan shut down on Friday as Typhoon Champi approached the island bringing strong winds and torrential rain. All 262 domestic flights and over 669 international and cross-strait flights were cancelled while schools, offices and shops closed across much of the island. The weakening storm is expected to pass just off northeastern Taiwan without making direct landfall. — India Global Review (@IGR_Media) October 23, 2026 Ветрови посилни од 150 километри на час Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот ќе помине веднаш покрај североисточниот брег на Тајван, потоа ќе се сврти кон кинескиот брег и ќе продолжи кон јужна Јапонија. На жителите на крајбрежните градови им се издадени предупредувања поради можни налети на ветер од над 150 километри на час. Тие беа повикани веднаш да побараат засолниште. Taiwan has suspended work and classes as Typhoon Champi, the strongest Pacific storm of the year, approaches. More than 1,000 people have been evacuated, hundreds of flights cancelled and forecasters warn that some mountainous areas near Taipei could receive up to one meter of rain. — TaiwanPlus News (@taiwanplusnews) October 23, 2026 Бурата има радиус од околу 320 километри, што значи дека може да влијае на поголемиот дел од Тајван. Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да трае два дена. Според досегашните податоци, едно лице загина во бурата, а 94 се повредени. Тајванските власти евакуираа речиси 1.300 луѓе од планинските подрачја поради опасноста што ја донесоа силните ветрови и обилните дождови. Откажани се речиси илјада летови Бурата сериозно го наруши воздушниот сообраќај. Министерството за транспорт на Тајван објави дека за петок се откажани сите 262 домашни летови и уште 717 меѓународни летови, или вкупно 979 летови. Тајван е вообичаено добро подготвен за тајфуни, поради што бројот на жртви во вакви бури е генерално мал, според Ројтерс. Иако тајфуните во областа се најчести во текот на летото, тие можат да го погодат островот и во есенските месеци.Тагови: Тајван тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Леќата на МајаВо петок (16.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Маја ДуковаСостојки за денешниот рецепт: 1 чаша црвена леќа 4 моркови 1 пиперка 1 домат (или 3 - 4 лажици доматен сос) 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук мало парче свеж ѓумбир 1 коцка за супа 1 конзерва кокосово млеко 1 лажица масло сол, бибер, кари и др. зачини по избор малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаГаши со честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борбаПо повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, упатувам искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Овој значаен датум нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност. Нивната борба и пожртвуваност се дел од историската основа врз која денес ја градиме нашата заедничка иднина. Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме нашата заедничка одговорност да градиме демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности. Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано. Со почит, АФРИМ ГАШИКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05