ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили

Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили, Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, затоа над 60% ќе излезат на гласање ако утре има избори

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили

Економијата, борбата против организираниот криминал и корупција, реформа во правосудството, враќање на достоинството на народот, беа едни од главните заложби на ВМРО-ДПМНЕ, за време на изборната кампања.

Граѓаните видоа сериозност и посветеност во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во огромен број ја дадоа поддршката за да ја преземе одговорноста да ја води државата.

И покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која ја наследи, за само неколку месеци власт, ВМРО-ДПМНЕ покажа конкретни резултати и ги исполнува очекувањата на граѓаните.

По запирањето на слободниот пад на економијата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи и ги вложува сите сили, Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, кој ќе донесе просперитет за сите граѓани.

Сите овие резултати се признаени и од граѓаните. Тие веруваат во искрената заложба ан владата за борбата против криминалот и корупцијата и сметаат дека таа е интензивна и постојана, за што сведочат полициските акции изминатиот период за разбивање на разни форми на организиран криминал и корупција.

Последното истражување на јавното мислење спроведено телефонски од агенцијата Маркет вижн, на примерок од 1.200 испитаници покажа дека повеќе од 60 отсто од анкетираните сметаат дека борбата е интензивна и континуирана. Две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани.

Граѓаните, исто така, ги поддржуваат и економските мерки преземени од Владата за намалување на цените и зачувување на животниот стандард. Дури две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите.

И сето ова резултира со висок степен на доверба на граѓаните. За разлика од порано, граѓаните сега имаат партнер во владата која ги слуша нивните потреби и работи на решавање на нивните проблеми.

Затоа и довербата на граѓаните во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е огромна.

Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски имаат убедливо водство и огромна доверба од граѓаните. На претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, наспроти Венко Филипче на кого му веруваат само 3,8%.

На следните избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале високи 51,7% од испитаниците, што претставува водство 5:1 спрема СДС.

Друг показател дека работењето на Владата и нејзините преземени мерки, активности и политики се во интерес на граѓаните и државата, е високиот процент на граѓани кои би излегле да гласаат на избори. Доколку утре има избори на гласање би излегле високи 64,4% од граѓаните, односно две третини од испитаниците.

ВМРО-ДПМНЕ

Трамп подготвен да прифати претседателски авион како подарок од катарското кралско семејство

Катарската влада соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука. Сепак, Трамп ја брани идејата, иако тоа би значело прифаќање на скапоцен подарок од странска влада.

Трамп подготвен да прифати претседателски авион како подарок од катарското кралско семејство

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да прифати луксузен авион „Боинг 747-8“ како подарок од Катар за време на своето патување на Блискиот Исток оваа недела, а американски претставници тврдат дека авионот може да се преуреди како претседателски авион.

Катарската влада соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука. Сепак, Трамп ја брани идејата, иако тоа би значело прифаќање на скапоцен подарок од странска влада.

„Фактот дека Министерството за одбрана добива БЕСПЛАТЕН ПОДАРОК - авион 747, кој ќе го замени привремено 40-годишниот „Ер Форс 1“, во рамки на многу јавна и транспарентна зделка, ги вознемирува корумпираните демократи кои бараат да го платиме скапо“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Според „Еј-Би-Си Њуз“ авионот се одликува со раскошна внатрешност, вклучувајќи златни ѕидови, позлатен мебел, спална соба, салони, конференциски простории, мермерни бањи и големо скалиште. Според извори на медиумот, Трамп го разгледал авионот во февруари на аеродромот во Вест Палм Бич и лично го одобрил. Пред крајот на неговиот мандат, наводно, авионот треба да биде предаден на фондацијата на претседателската библиотека на Трамп.

Американскиот Устав забранува федералните функционери да примаат лични подароци од странски државници без согласност од Конгресот. Подароците со вредност над 480 долари се сметаат за сопственост на американскиот народ, а функционерите можат да ги задржат само ако ги откупат по пазарна цена, според податоците од Претседателската библиотека и музеј Роналд Реган.

Трамп ќе престојува во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати од утре до четврток.

Моментално се користат два авиона „Ер Форс 1“, преуредени „Боинг 747-200В“, во служба од 90-тите години. Тие се специјално опремени за претседателските потреби и имаат современи комуникациски системи и противракетна заштита, со можност за полнење гориво во воздух.

Мојсоска Блажески: Корупцијата се уште најголем проблем

Нулта толеранција на корупцијата, пет отсто економски раст годишно, пристап до ЕУ и ефикасна јавна администрација, е визијата на Македонија 2025 за домашната економија.

Мојсоска Блажески: Корупцијата се уште најголем проблем

Како што рече извршната директорка Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање на Самитот што се одржува во Скопје, корупцијата е најголем проблем во државата, но земјава и се уште нема консензус каква економија сака. Бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а не како креатори на работни места.

-Има прогрес во Македонија, но другите растат побрзо од нас. Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам, работниците бараат повисоки плати, но не зборуваат за подобрување на нивните вештини. Лесно е да се обвинуваат соседите, Владата, но сите придинесуваме за тоа колку ќе просперира државата. Оваа Влада почна болни реформи, верувам дека гледа малку подалеку од изборниот циклус, истакна Мојсоска Блажески.

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

Премиерот на Полска, Доналд Туск по едногодишната истрага изјави дека руските тајни служби го организирале големиот пожар при што целосно беше уништен трговски центар во Варшава во мај 2024 година.

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

- Сега со сигурност знаеме дека големиот пожар на улицата Маривилска е резултат на палење нарачано од руските служби. Акциите биле координирани од лице кое живее во Русија. Некои од сторителите веќе се приведени, а по другите идентификувани се уште се трага, објави Туск на Икс.

Полските служби соопштија дека соработуваат и со Литванија, каде што некои од сторителите извршиле и саботажи.

Литванските обвинители во март ја обвинија руската воена разузнавачка служба за палењето на продавницата на ИКЕА во Вилнус, три дена пред пожарот во трговскиот центар во соседна Полска.

Русија негира вмешаност во пожарите.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Полска уапси и осуди неколку лица осомничени за саботажи, напади и подметнување пожари организирани од руските разузнавачки служби. Полска во мај 2024 година воведе ограничувања за патување на руските дипломати, обвинувајќи ја Москва за хибридна војна. Пет месеци подоцна, Варшава нареди затворање на Конзулатот во Русија во Познањ поради наводни обиди за саботажа организирани од Москва.

Во декември Полска соопшти дека е подготвена да ги затвори сите руски конзулати во доколку продолжат „терористичките акти“.

Русија во јануари возврати со затворање на Конзулатот на Полска во Санкт Петербург.

Полска, која граничи со Украина и е членка на НАТО и на ЕУ, е една од главните земји преку кои западните земји испраќаат оружје и муниција во Киев за да му помогнат во борбата против руската инвазија. /МИА

притисни ентер