ВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме Филипче да не се откажува и да продолжи да го води СДС - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме Филипче да не се откажува и да продолжи да го води СДС

Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија.

ВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме Филипче да не се откажува и да продолжи да го води СДС

Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДС е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во партијата.

Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори дека за нас нема подобро решение од тоа Венко Филипче да биде претседател на СДС. Го охрабруваме да не се откажува и да продолжи да го води СДС.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Време е за Швајцарија: Македонија подготвена за новиот предизвик

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, ги привршува подготовките за првиот меѓусебен натпревар со Швајцарија.

Време е за Швајцарија: Македонија подготвена за новиот предизвик

Дуелот против еден од најквалитетните европски национални тимови е закажан за в сабота, од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките Б сегментот од Лигата на нации.

Со овој натпревар Македонија го отвора новиот циклус во Лигата на нации и својата прва сезона во Лига Б. Во групата Б1, покрај Швајцарија, наши противници се и селекциите на Словенија и Шкотска.

По четирите одработени тренинзи во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски е задоволен од односот и работата на фудбалерите.

„Од сите играчи сум презадоволен. Сите четири тренинзи ги одработија максимално и знаат што треба да работат на терен. Против секој противник треба да се игра, па така и против силната Швајцарија. Знаеме каков ростер имаат, но сакам да размислуваме пред се за нас. Сите наши фудбалери се здрави и тренираат добро, освен Николов кој нема да настапи. Со помош на публиката верувам дека можеме до позитивен резултат. Очекуваме голема поддршка од трибините, а наше е да прикажеме добра игра“, изјави Седлоски.

За Македонија ова ќе биде и првиот домашен натпревар по подолга пауза, што дополнително го зголемува мотивот кај репрезентативците. Капитенот Енис Барди очекува полниот стадион да биде важен фактор во дуелот со Швајцарија.

„Имаме одлична атмосфера, среќни сме што повторно сме заедно и подготвени сме за максимум. Очекуваме голема поддршка од навивачите, тоа многу ни значи. Играме во Скопје, ова е нашиот дом и треба да го покажеме нашиот идентитет. Многу ни значи полн стадион и свесни сме дека пред нас е тежок натпревар“, вели Барди.

Во составот има и нова енергија со неколку млади фудбалери кои за првпат се дел од А-репрезентацијата. Капитенот нагласува дека младите се добро прифатени во националниот тим и дека нивното присуство носи дополнителна свежина.

Еден од лидерите на репрезентацијата, Елиф Елмас, исто така очекува исклучително тежок предизвик, но верува во квалитетот и подготвеноста на Македонија.

„Очекувам тежок натпревар. Играме против моќна репрезентација и четвртфиналист на Мундијалот, но ние сме подготвени и ќе излеземе по позитивен резултат. Чест ни е што младите се со нас, ги прифаќаме најдобро што можеме. За секој фудбалер е чест да го носи дресот на репрезентацијата“, истакна Елмас.

Швајцарија во Скопје пристигнува по настапот на Светското првенство во 2026 година, на кое стигна до четвртфиналето. Тимот предводен од Мурат Јакин располага со голем број квалитетни и искусни фудбалери и покрај неколкуте отсуства во составот.

За македонската репрезентација, сепак, фокусот е јасен, силен почеток на новиот циклус, со максимален ангажман на теренот и поддршка од трибините.

Македонија – Швајцарија, сабота, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најпознатата хрватска навивачка „на удар“ на корисниците на социјалните мрежи

Најпознатата хрватска навивачка, Ивана Кнол,  привлече големо внимание на натпреварот од првото коло на регуларниот дел од сезоната во НФЛ, одигран во неделата меѓу „Филаделфија Иглс“ и „Вашингтон Командерс“.

Најпознатата хрватска навивачка „на удар“ на корисниците на социјалните мрежи

Сексапилната Кнол на мечот се појавила во провокативна маичка под тексас-јакна со спортски мотиви.

Некои корисници на социјалните мрежи упатија критики за нејзиниот изглед, кој навистина повеќе прилегаше на ноќен клуб отколку на натпревар од регуларниот дел на НФЛ-сезоната во Филаделфија.

„Родителите сигурно пукаат од гордост поради својата ќерка; таа ќе биде главна тема на муабет во градот“, напиша еден навивач во коментар.

„Срамно. А како воопшто на снимателот му текна дека е во ред да ја прикаже? Дали продуцентите сметаа дека тоа е соодветно?“, додаде друг.

Ивана инаку стана позната во јавноста токму поради нејзините провокативни фотки кои редовно ги објавува на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Спортска звезда од базен ја потврди врската со 12 години помладиот спортист

Една од најдобрите светски скијачка во историјата, 41 годишната  Линдзи Вон за првпат јавно ја потврди врската со францускиот скијач Матје Баје преку Инстаграм.

Фото: Спортска звезда од базен ја потврди врската со 12 години помладиот спортист

Шпекулациите траеја со месеци, но сега се чини дека сè конечно е потврдено.

Една од најдобрите светски скијачка во историјата, 41 годишната Линдзи Вон за првпат јавно ја потврди врската со францускиот скијач Матје Баје преку Инстаграм.

Таа објави серија фотографии од нивниот заеднички одмор, вклучително и снимка на која се бакнуваат во базен, како и други многу интимни фотографии.

Првите сериозни шпекулации се појавија во мај 2026 година, кога беа забележани заедно во Њујорк. Сега, Бејл одговори на нејзината објава, а Вон возврати со бакнеж и црвено срце, со што дополнително ги отстрани сите сомнежи.

Французинот има 30 години и е професионален алпски скијач, специјализиран за дисциплините спуст и супер-велеслалом. Од друга страна, Линдзи важи за една од најдобрите скијачки во историјата.

Сексапилната русокоса, која две години беше во врска со голф-ѕвездата Тајгер Вудс, испиша историја пред 16 години кога стана олимписка шампионка во спуст на Игрите во Ванкувер.

На истиот настан во 2010 година, таа освои и бронза во супер-велеслалом, а осум години подоцна во Пјонгчанг, освои бронза во спуст.

Покрај тоа, таа е една од најатрактивните и најубавите скијачки на векот. Четири пати ја освои титулата во генералниот пласман на Светскиот куп и обезбеди осум медали од светските првенства. Оствари 83 победи во Светскиот куп.

Преживеа тешка драма на неодамнешните Зимски игри во Милано; по еден пад, ја скрши ногата, што доведе до бројни операции. Нејзините крици одекнуваа низ Кортина и се слушнаа низ целиот свет.

Таа важи за фасцинантна и истакната спортска личност. Освен со Вудс, таа беше во романтична врска со тренерот од НФЛ, Кенан Смит, и со хокеарот П.К. Субан. Исто така, беше во врска со Диего Осорио (2021–2025), мексиканско-американски бизнисмен. Од 2007 до 2013 година, Вон беше во брак со Томас Вон, нејзин колега од американската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер