МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фуркан Салиу сам си призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација Фуркан Салиу сам си призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација на настаните, зошто сега СДС не мисли дека напад врз полицаец не е напад врз државата?Оливер Спасовски од СДС во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“. Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата? Што е различно во овој случај? Наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните. Зошто СДС е засегната партија во овој случај? Дали СДС заговара непочитување на законите? Тоа што се случувало пред 15 години не е никакво оправдување, ниту пак причина да не се сменат работите кои продолжуваат да бидат катастрофални овие 7 години власт на ДУИ и СДС. Македонија според „Економист“ е хибриден режим се уште, со загрозени права и слободи. Ова е она на што треба СДС да се посвети. Промените доаѓаат. Тоа значи дека народот ќе си ја земе контролата во свои раце. Македонија повторно горда, значи Македонија повторно твоја. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34
МакедонијаПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспортаЌе најдат ли власта и опозицијата заедничка јазик за околу гласањето на дијаспората?Во овие моменти во Собранието во тек со состанок со цел да се најде заедничка јазик меѓу партиите за ова прашање. Пред законодавниот дом, таму е Афродита Рамос. Афродита дали имаме ли информации за тоа како тече состанокот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаКими Антонели најбрз на Силверстоун! Андреа Кими Антонели е победник на спринт-трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун во Англија.Спектакл на легендарната патека Силверстоун, на спринт-трката нова победа на Кими Антонели во 2026 година. Младиот возач на Мерцедес триумфираше пред Луис Хамилтон од Ферари и Ландо Норис од Мекларен. Луис Хамилтон ја започна трката брилијантно и по феноменалниот старт успеа да го заобиколи Кими Антонели и да ја заземе првата позиција. Екс светксиот шампион беше лидер на трката се до осмиот круг, кога младиот Кими го престигна Хамилтон без поголеми проблеми и го презеде водството во спринт-трката, со што стана јасно дека Ферари не е доволно добар за да се натпреварува со Мерцедес. Немаше значителни промени до крајот на трката, а Кими Антонели славеше пред Хамилтон и Норис, додека зад нив се пласираа Џорџ Расел, па Леклер, Верстапен, Пјастри, Лосон и Хаџар, а Линдблад заврши на десеттото место. Во шампионатот, Антонели сè уште е лидер со 179 бода, а зад него се Џорџ Расел со 136 и Луис Хамилтон со 132 бода.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиев ги осуди како неприфатливи навредите на БНТ кон Канал 5Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант,.Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант, кажа на вчерашната „Само вистина“ претседателот на Друштвото за македонско-бугарско пријателство Митко Ѓоргиев Ваквиот негов став доаѓа по низата оркестрираните напади во бугарската јавност дека Канал 5 била антибугарска телевизија, а во кои се вклучи и бугарската национална телевизија од каде тврдеа дека Бугарниот од Македонија Драги Каров бил осуден за говор на омрза по желба на Канал 5 и дека било побарано од јутуб да се отстрани бугарски поткаст насловен коридор 8. За ваквите тези Канал 5 во повеќе направи упати демант до БНТ, кој досега не е објавен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook