ВМРО-ДПМНЕ:Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000

Филипче урива рекорди секој ден. Црн петок за Македонија и граѓаните - заразени 934 лица се наведува во соопштението на ВМРО –ДПМНЕ..

Бројот на активни случаи надмина 9.000, а бројот на починати се движи кон 1.000.

Власта на Заев со својата неспособност прави состојбата со пандемијата од корона вирус да биде уште полоша. Секој ден Македонија руши рекорди на нови заразени и починати. Веќе сме земја во Европа која е црн рекордер по корона статистиката.

Во државата корона вирусот се шири неконтролирано. Никој веќе не води сметка на кластери.

Во градинките од септември 33 деца се позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца.

Во училиштата 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19.

Амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти во болницата Козле се наоѓа во самиот оддел во црвена зона каде се хоспитализирани пациентите со КОВИД - 19, што само говори дека Здравствените власти лошо менаџираат со системот и создаваат дополнителна опасност.

Лица со најтешки облици на болести се доведуваат во опасност од контакт со заразени со корона.

И за сето ова властите не гледаат вина во себе, туку виновни се граѓаните.

Затоа предлагаме Владата и Министерството за здравство, да овозможат и организираат, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Дополнително бараме да се ослободат од работа хронично болните и сите останати ранливи категории граѓани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер