ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

​СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Секогаш кога СДС се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред.

Овој пат не ги поштедија ниту жителите на Кочани, кои пред само неколку месеци се соочија со една од најголемите трагедии во државата.

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв.

Ова сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, всушност е сценарио за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.

На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче.

Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи.

Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев.

Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче.

Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче.

Дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.

Но СДС и Венко Филипче немаат искрени намери, тие сакаа да направат хаос во Кочани, каде локалните силеџии, како нивниот општински советник, ќе го плашат народот и ќе го држат во грч и неизвесност.

На граѓаните не му се потребни силеџиството, насилството и сеење страв што Филипче и СДС му ги нудат како опција.

Граѓаните сакаат и заслужуваат политички претставници кои достојно ќе ги претставуваат и ќе работат во нивен интерес.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк.

Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен.

Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија?

Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите?

Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ.

Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра.

Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа.

Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема.

Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат.

Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир.

Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите?

Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат.

Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија.

Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон.

Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки.

Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие.

Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови

 Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка.

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии.

Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година.

Средстава Владата ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување на инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград

Белградската полиција трага по непознати сторители кои провалиле во куќа во централниот дел на градот и однеле метален сеф во кој, според пријавата на сопственикот, имало околу 100.000 евра во готовина и неколку рачни часовници.

Украден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград

Кражбата била пријавена вчера околу 15 часот, откако 76-годишниот сопственик на објектот забележал дека неговиот дом бил ограбен и дека металниот сеф што го чувал во куќата исчезнал.

Според неофицијалните информации, при полицискиот увид биле забележани оштетувања на вратата во ходникот, која води кон дворот, како и на самиот влез во објектот...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер