ВМРО-ДПМНЕ: Филипче должи одговори дали стои зад најголемите корупциски и криминални скандали - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче должи одговори дали стои зад најголемите корупциски и криминални скандали

Филипче должи одговори дали тој стои зад најголемите корупциски и криминални скандали во здравството во неговиот мандат.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче должи одговори дали стои зад најголемите корупциски и криминални скандали

Венко Филипче, е поранешен министер за здравство.

Филипче сега ја врши должноста претседател на СДС и верно му го чува местото на Зоран Заев.

Но, Филипче е човекот кој ќе биде запаметен по тоа што во негов министерски мандат македонското здравство е паднато на колена, уништено, девалвирано, полно со криминал и корупциски скандали.

Случајот Онкологаја, каде на тешко болни пациенти од рак, наместо лек им се давало физиолошки раствор, а скапите онколошки терапии се продавале на црниот пазар, се случи токму кога Венко Филипче е министер за здравство.

Кога Филипче беше министер за здравство се случи и трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе.

Како министер, Венко Филипче доделуваше тендери за набавка на лекови на него блиска веледрогерија, од кои набавки, сигурно, ќараше проценти.

Како тогашен министерот за здравство Филипче, исто така, беше фатен како од фантом фирма сака да купи вакцини по двојно повисока цена од пазарната.

Токму поради тоа што во негов мандат се случуваат најголемите корупциски и криминални скандали, Филипче треба да одговори, дали тој стои зад последниот судски случај во Онкологија, каде што од Буџетот на државата биле исцедени 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра?

Дали со на овој начин украдените пари на маката и здравјето на онколошките пациенти, Филипче си купил акции во индиска авиокомпанија и станал ортак со Заев во бизнисот со 50 катницата во Дубаи?

Дали со овие пари спечалени на маката и здравјето на луѓето, Филипче ја добил златната виза?

Филипче должи одговори на сите овие прашања или пак, ако има аргументи, истите може и да ги демантира. Но, неговиот молк не тера да мислиме дека ги потврдува сите поставени дилеми.

Од друга страна, додела Филипче молчи, повторно го повикуваме ОЈО да истражи која е неговата улога во случајот Онкологија, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер