МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка, тој води партија синоним на предавстваФилипче да си поднесе оставка, тој води партија синоним на предавства, неспособност и криминал.Дали Венко Филипче е импресиониран од Зоран Заев и по начинот на кој Заев се пазареше со националните интереси, беше вклучен во скандали, афери, уцени, закани, криминал а регионалните медиуми известуваа за корупциските скандали на владата предводена од Заев. Венко Филипче, кажа дека од Заев народот треба да учи и дека нема друг како него, дали Филипче всушност мисли на насловните страници во Италија како во случајот кога корупциските скандали во владата на Заев беа на насловните странци во Италија во весникот Ла Верита. Филипче го следи и е верна сенка на Заев, а од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени во регионот и светот. Корупцијата на Владата на Заев се најде и на насловните страници на италијанските медиуми, а меѓу нив весникот Ла Верита излезе со наслов „Скандал во Скопје – Тендер за Леонардо: Цигани како нас“. Венко Филипче е воодушевен и ги користеше истите методи и начин на работа како Заев и додека беше министер за здравство. За таа генеза и принцип на дејствување исто така постојат меѓународни наслови. Ла Верита откри и друг скандал за владата на Заев, Кина го одбила Заев за вакцини бидејќи одел преку посредник фантом фирма со седиште во Хонг Конг. Филипче учи од Заев негативно претставување и омаловажување на Македонија по регионалните медиуми и на меѓународна сцена. Такви вести објавуваа медиумите за скандалите на Филипче со вакцините во време на ковид кризата. Италијанскиот весник Ла верита објави два документи со потпис на Филипче адресирани до кинеската компанија Синофарм. Едниот документ беше од 25 декември 2020, а вториот е од 25 јануари 2021. Во нив стои име на фирма од Хонг Конг, регистрирана во 2017та година, без медицинско и фармацевтско портфолио, која е претставена како посредник во набавката за вакцините. Филипче сака да дојде на власт за да биде ист како Заев, Филипче јавно им кажа на граѓаните дека е континуитет на политиките на Заев. Затоа граѓаните не му веруваат и рејтингот на анкетите му е во слободен пад. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Венко Филипче ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНикарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 годинаМинистерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс. Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар. Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи. Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД. Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата. Политичка криза во Никарагва Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата. Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век. Извор: Б92Тагови: Никарагва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook