3Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ДУИ треба да влезе во полициски билтен како криминална структура, а не во учебникДУИ треба да влезе во полициски билтен како криминална структура, а не во учебник, се наведува во партиското соопштение.Во исто време Ковачевски треба да е впишан како слуга на криминалот. Оттука Ковачевски има навистина тешка работа, наутро треба да ја слуша Струмица, а навечер Зајас. Ако погреши нема да помине негов сопствен бизнис. Тоа што ДУИ влезе во учебниците, значи дека Владата си игра играчки со образованието во Македонија. Кога станува збор за ДУИ таму нема ништо образовно, туку само криминално.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКинеската комунистичка партија усвојува мерки за „сеопфатно и строго самоуправување“Си го запозна Централниот комитет со нацрт-документ кој, според државната новинска агенција „Синхуа“, се осврнува на предизвиците со кои се соочува Партијата.Кинеската комунистичка партија денеска започна четиридневен состанок на високи функционери, со цел усвојување конкретни мерки за „сеопфатно и строго самоуправување на Партијата“, додека претседателот Си Џинпинг се обидува да го зацврсти својот авторитет и да наметне идеолошко единство. Си го запозна Централниот комитет со нацрт-документ кој, според државната новинска агенција „Синхуа“, се осврнува на предизвиците со кои се соочува Партијата – вклучително и зајакнување на капацитетите за управување и борбата против корупцијата, прашање на кое претседателот посвети посебно внимание во текот на својот мандат. Спроведувањето на клучните одлуки и планови на Централниот комитет не смее да се сведе на празна реторика, истакна кинеската новинска агенција во својот коментар. „Од клучно значење е да се усовршат институционалните правила и прописи за да се затворат правните празнини, да се зајакнат заштитните механизми и да се обезбеди нивна ефективна примена“, се наведува во текстот. „Мораме повторно да се родиме како феникс.“ Централниот комитет ќе одржи седница зад затворени врати од денеска до четврток. Ова е петти ваков состанок откако сегашниот состав беше формиран во 2022 година, поради што се нарекува „Петти пленум“. Аналитичарите проценуваат дека ова би можело да биде последниот голем партиски собир пред промените во раководството во 2027 година, кога се очекува Си да ја задржи својата највисока функција за четврти мандат. Во последните години, кинескиот претседател предводеше кампања против корупцијата, која доведе до отстранување на стотици високи функционери и генерали – вклучително и некои од неговите поранешни сојузници. Критичарите тврдат дека овие чистки, особено оние насочени кон највисоките ешалони на вооружените сили, ја дестабилизираат војската и ја поткопуваат нејзината борбена готовност. Партијата, сепак, ја претставува оваа кампања како неопходна и регенеративна, тврдејќи дека војската мора да доживее „преродба“ – слично на феникс – преку „капење во пламен и повторно калење“. „Способноста и владеењето на правото имаат предност пред врските и поткупот“ Во коментар на агенцијата „Синхуа“ се истакнува антикорупциската кампања како доказ за „континуирано и систематско“ управување, чија цел е „да се осигура дека функционерите не се осмелуваат, не можат и немаат желба да се впуштат во корупција“. „За глобалните инвеститори и креаторите на политики, ова укажува на поголема предвидливост“, се наведува во коментарот, при што се појаснува дека Кина создава потранспарентна средина за меѓународна соработка – средина во која способноста и владеењето на правото имаат предност пред личните врски и поткупот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВторо издание на Меѓународната научна конференција Мит и драма во СкопјеВо просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи второт издание на меѓународната научна конференција со наслов Мит и драма: кризи, граници, другости (27-28 октомври 2026). Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Шеесетина експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Обединетото Кралство, Шведска, Соединети Американски Држави, Грција, Полска, Турција, Индија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Нигер и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки. Конференцијата предвидува и три пленарни предавања, од истакнати професори и професорки од оваа област: Пјер Лонгенес, Оддел за театарски студии, Универзитет Нова Сорбона – Париз 3, Душка Радосављевиќ, Универзитет во Лондон и Универзитет во Лунд, и Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Свеченото отворање на конференцијата е закажано за 27 октомври во 9:30 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Конференцијата е отворена за сите заинтересирани, а програмата е достапна на следниов линк: https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/Programme-Myth-and-Drama-2026.pdfТагови: Мит и драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаГерасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денариОпштина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари. За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар. Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат. Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter