ВМРО-ДПМНЕ: Државата изби на прво место во светот по смртноста,Филипче најнеспособен министер

Државата изби на прво место во светот по смртноста што го прави Филипче најнеспособен министер во светот, оставка веднаш.

Венко Филипче наместо министер е дилентат.

Венко Филипче лаже дека е поминат пикот исто како што лажеше дека ќе има само 2000 заразени, а само досега има 60 000 заразени и бројката се зголемува. Македонија изби на прво место во светот по смртноста. Венко нека го види дијаграмот и нека одговори дали тоа не е точно. Филипче најнеспособен министер во светот, оставка веднаш

Денеска во Македонија имаме десетици починати секој ден, и секој ден е нов пик, а од почетокот на пандемијата до денес починати се вкупно 1630 луѓе. Тоа се наши блиски, браќа, сестри, родители или деца.

Филипче лошо се справува со кризата и е неспособен да го организира системот. Пациенти примаат инфузија во двор, лежат и примаат терапија до мртви, а стотици чекаат пред клиниките и со саати за да бидат тестирани.

За тестирање се чека и по неколку дена, а откако ќе се тестираат граѓаните чекаат исто толку долго за да добијат резултат. Откако ќе добијат резултат, нивната состојба често е и влошена, а болнички кревети нема и болниците низ државата се преполни.

Неспособноста на Филипче се огледа и во немањето на вакцини за сезонски грип во текот на целата есен.

Филипче нема концепт, а медицинскиот кадар е оставен сам да се справува. Здравството е буквално обезглавено.

Филипче наместо да шири демагогијаи да го брани Заев за националните катастрофи да се фати за работа во клиника, и да си даде оставка веднаш, само така ќе бидат спасени што повеќе животи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер