ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој

Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој и можности за зголемување на животниот стандард на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој

Политиките во авиосообраќајот даваат резултати, за само неколку месеци десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми и преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните.

На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно.

Политиката на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги даваат првите резултати. Нови дестинации, за уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, нови можности, развој на бизниси, повеќе туристи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми.

За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните.

Исто така и се преговара за уште десетина нови авиолинии.

Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли).

Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул.

После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам.

Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија.

Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа:

Скопје -Женева, која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и

Скопје-Париз (аеродром Орли).

Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул,

Охрид - Базел Мулхаус,

Скопје – Дубаи,

Скопје – Штутгарт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Средба на Вучиќ и на Орбан во Белград

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е во работна посета на Србија со унгарската делегација.

Средба на Вучиќ и на Орбан во Белград

„Срдечна и пријателска средба со Виктор Орбан. Денеска имаме целодневни консултации во Белград и водиме стратешки дијалог за четири важни теми: Геополитичка состојба и надворешна политика, Економија и подобрување на нашите односи, Соработка во сферата на одбраната и безбедноста, како и во воено-индустриското производство, Партнерство на Србија и Унгарија во сите други области“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Тој, исто така, истакна дека е горд на пријателството и најдобрите односи во српско-унгарската историја.

Промоција на нови паркинг карти на ЈП ПОЦ

 Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 22.05.2025 година успешно реализираше информативна акција за промоција на новите паркинг карти во Дебар Маало.

Промоција на нови паркинг карти на ЈП ПОЦ

Во рамки на акцијата, на граѓаните им беа дистрибуирани флаери со информации за новите типови на паркинг-карти достапни во Општина Центар.

Станува збор за:

Мулти-неделна паркинг-карта, со цена од 2000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2.

Гостински паркинг-карти, наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор, и тоа:

Дневна гостинска карта – по цена од 300 денари

Неделна гостинска карта – по цена од 1200 денари

Овие гостински карти можат да се користат само на отворени типови паркиралишта (комерцијални и резидентни) во секторот каде што жителот има пријавено живеалиште.

На настанот учестуваа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски кои на лице место остварија средби со граѓаните и ги информираа за придобивките од новите паркинг карти. Тие ја истакнаа важноста на модернизацијата на паркинг системот и овозможувањето на полесен и поефикасен пристап за сите корисници.

Со оваа активност, продолжуваме со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг карти се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар, и истите можат да се купат на веб страната www.poc.mk .

УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот

УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот, уверува дека се воведени драстични промени за стандардизирање на третманот.

УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на клиниката, уверувајќи дека се по отворањето на случајот „Онкологија“ воведени се драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите.

-Апелираме до сите засегнати, посебно до нашите пациенти и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на нашата клиника. Имено на УК за радиотерапија и онкологија, а информирана е и целата јавност, дека по тој немил настан се воведоа драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите со воведување на редовни онколошки конзилиуми на кои се одлучува за третманот на пациентите во согласност со современите протоколи кои се усвоени од меѓународните стручни здруженија. Од УК за радиотерапија и онкологија апелираме за смиреност и доверба во персоналот на УК за радиотерапија и онкологија, кој навистина макотрпно работи. Ние сме тука пред се за здравјето на пациентите и нивната благосостојба, информираат од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија - Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Како што соопшти вчера на прес-конференција предметната јавна обвинителка, Ана Гоговска Јакимовска предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози. Обвинителството, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднеле и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

притисни ентер