ВМРО-ДПМНЕ: Денешното апсење на Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Денешното апсење на Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите.

ВМРО-ДПМНЕ: Денешното апсење на Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите

Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија.

Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој.

Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно. За првпат во историјата на државата одговорност има за сите.

ВМРО-ДПМНЕ

Мерц потврди: Американските „Патриоти“ многу наскоро пристигнуваат во Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина „многу наскоро“ ќе добие нови системи со долг дострел, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“.

Мерц потврди: Американските „Патриоти“ многу наскоро пристигнуваат во Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина „многу наскоро“ ќе добие нови системи со долг дострел, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“, по договорот на американскиот претседател Доналд Трамп со НАТО за зголемена воена помош за Киев.

„На Украина ѝ се потребни системи за длабок удар за да може подобро да се брани и многу наскоро ќе добие дополнителна поддршка во тој поглед“, рече Мерц на прес-конференција во Обединетото Кралство, одговарајќи на прашање од Политико.

Оперативниот капацитет во Украина се очекува во рок од неколку недели

Мерц додаде дека системите би можеле да станат оперативни на украинска територија во рок од неколку недели. Неговите коментари доаѓаат откако Трамп во понеделник објави дека дел од американските одбранбени системи „Патриот“ ќе пристигнат „во рок од неколку дена“, иако некои експерти изразија сомнежи за тоа колку брзо всушност би се случил трансферот.

Генералот Алексус Гринкевич, командант на Сојузничката воздушна команда на НАТО, изјави дека „подготовките се во тек“ и дека алијансата „тесно соработува со Германците за трансфер на „Патриотите“.

Договор за соработка меѓу Германија и Велика Британија, Трамп бара европско финансирање

Мерц пристигна во Обединетото Кралство со британскиот премиер Кир Стармер, каде двајцата лидери потпишаа договор за пријателство и продлабочување на соработката во областа на одбраната и безбедноста. Мерц прецизираше дека министрите за одбрана веќе преговараат за логистиката за испраќање оружје во Украина, како дел од планот на Трамп според кој европските земји прво ќе испорачаат оружје, а потоа ќе купат замена од Соединетите Американски Држави.

Стармер рече дека е „апсолутно јасно дека Трамп сака Путин да биде запрен“ и дека „тој сега ја поткрепува својата политичка порака со конкретна воена помош“.

Двајцата лидери ја нагласија потребата од дополнителен економски притисок врз Русија. Мерц го повика Трамп да го поддржи пакетот санкции предложен од американскиот сенатор Линдзи Греам.

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Словенечката влада прогласи двајца израелски министри за персона нон грата откако министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија не успеаја да постигнат консензус за мерките против Израел .

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Словенечката влада прогласи двајца израелски министри за персона нон грата откако министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија не успеаја да постигнат консензус за мерките против Израел поради „кршење на човековите права“, објави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии и одбрана Безалел Смотрич. Според Фајон, ова се првите санкции против Израел на национално ниво, како и на ниво на Европската унија. Со своите санкции, Словенија сака да испрати порака до Израел дека „колежот на невини цивили во Газа мора да заврши“, нагласи таа.

-Ова се министри кои, со своите геноцидни изјави, поттикнуваат екстремно насилство и брутални кршења на човековите права на Палестинците, се вели во соопштението на владата. „Тие јавно се залагаат за проширување на нелегалните израелски населби на Западниот Брег, за присилно раселување на Палестинците и повикуваат на насилство врз палестинското цивилно население. Преку своите постапки и ставови, тие поттикнуваат етничко чистење на Западниот Брег и Газа.“

Во јуни, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Норвешка, исто така, воведоа санкции врз Бен-Гвир и Смотрич. Министрите за надворешни работи на петте земји ги обвинија двајцата израелски министри за поттикнување насилство врз Палестинците на Западниот Брег, но не ја споменаа Газа.

Мицкоски до Радев: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Уставот.

Мицкоски до Радев: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток, а не како што говори и СДСМ дека потоа не чека отворен пат.

„Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ќе биде дел од извештај со која што јасно ќе се признае македонскиот идентитет и јазик како посебен“, рече Мицкоски и додаде:

„И тоа се случи во рамките на извештајот на известувачот Вајц. Пред да помине на АФЕТ имаше една друга сагра. Тогаш беше потребно не да се избрише од извештајот, туку да се избрише „сегашен“. Потоа дојде „модерен“ од одредена група на европратеници.“

Мицкоски истакна дека одредени политички фигури во Бугарија јасно кажуваат дека уставни измени не се единствената пречка на патот на Македонија кон ЕУ.

„Она што можеше да го види Европа и светот е дека не е само промената на Уставот единственото нешто коешто треба да го направиме за да продолжиме. Впрочем, многу влијателни политички фигури во Бугарија тоа го кажуваат“, вели Мицкоски.

Според него, изјавата на Радев во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени не е точна, бидејќи и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме.

„Пред некој ден слушнав изјава од претседателот Радев во која што вели единствениот услов којшто треба да го направи Македонија е да го смени Уставот. Ние во Договорот за добрососедството немавме никаков услов. Потпишан договор во којшто Бугарија треба да не поддржува во рамките на процесот на преговори и членство. Па добивме вето, затоа што ние не сме го исполнувале договорот и не сме ги испорачале малцинските права на бугарската заедница во Македонија“, истакна премиерот.

притисни ентер