Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите
1Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите
3Жерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
2Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“, изградена атмосферска канализација на ул. Маршал Тито.Една година по промените во Демир Капија, чекор по чекор општината се менува и развива, се инвестира во подобри услови и конкретни мерки за поддршка на граѓаните, реализирани и започнати се повеќе проекти во областа на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот и социјалната поддршка. Со домаќинско работење дел од проектите општината успеа да ги реализира со сопствени буџетски средства, додека друг дел преку владини програми и преку други институции. Така со помош на Владата се изгради атмосферската канализација на улицата „Маршал Тито“ во Демир Капија во вредност од скоро четири милиони денари, а со заеднички финансирања и од општинскиот Буџет се реконструираше фудбалското игралиште и дел од водоводната мрежа во село Клисура. На повеќе улици се постави улично осветлување, додека во село Дрен се изгради улица бр. 10 финансирана од Министерството за транспорт во вредност од два и пол милиони денари, санирани се улици во повеќе населени места и исчистени се отворените канали за наводнување и одводнување. Покрај инфраструктурните проекти, реализирани се и мерки директно насочени кон граѓаните, меѓу кои поддршка за првачињата преку обезбедување ранци и училиштен прибор, униформи за учениците од прво до деветто одделение, стипендии за средношколци и студенти, еднократна финансиска помош за новороденчиња, финансиска поддршка за прв склучен брак, поддршка за еднородителски семејства и самохрани родители, финансиска поддршка за пензионери. Во тек е реализацијата на дополнителни проекти, меѓу кои доизградбата на кујната и ресторанот за исхрана во ООУ „Димче Ангелов Габерот“ во вредност од над осум милиони денари, уредувањето на отворено тениско игралиште, реконструкцијата на улицата „8 Март“, санацијата на дел од фекалната канализација во село Чифлик, рехабилитацијата на улици и крпењето ударни дупки, како и уредувањето на автобуски постојки во Демир Капија, Корешница и Бистренци. Исто така, во тек се активностите за уредување на детското игралиште на плоштадот во Демир Капија и адаптација на простор за инклузивна соба во основното училиште, наменета за деца со попреченост. Реализацијата на овие проекти е дел од заложбите за подобрување на локалната инфраструктура, создавање подобри услови за децата и младите, како и обезбедување конкретна поддршка за различни категории граѓани. Инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и јавните услуги продолжуваат, со цел подобрување на условите за живот во Демир Капија и населените места во општината. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
БалканАпсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборитеВо пресрет на неделните избори во Србија уапсени се повеќе лица во Нови Сад, Кралево и Белград, поради сомнежи за планирање на нереди на денот на изборите.Како што објави РТС, осомничена група од Нови Сад планирала на 25 октомври со околу 80 лица да дојде во Белград и да предизвикува нереди. Извршени биле претреси во објекти и простории кои ги користеле осомничените лица. Според РТС, во одделна акција по налог на Виштото јавно обвинителство во Кралево бил уапсен осомничен од Врњачка бања, заради повикување на насилна промена на уставниот поредок и планирано учество на немирите во Белград на изборниот ден .. Според српските медиуми биле приведени членови на криминална група предводена од осомничен наркодилер. Инаку, според последната објавена анкета од „нова српска политичка мисла“, студентската листа е во тесно водство. https://t.co/RuEuvRWjyp — Arsil (@arsagarson) October 21, 2026 Доскорешниот српски претседател, носител на листата- „Александар Вучиќ -Единствена Србија“ , е убеден дека ништо нема да може да ги смени резултатите и најави дека за исходот нема да се обрати пред 22 часот в недела.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставен суд: Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинителиАктивно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд .Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд по вчерашниот повик на обвинителите- Нивните иницијативи поврзани со намалените коефициенти за платите, итно да бидат разгледани како што наведуваат од Уставниот суд во моментов се водат постапки по три предмети, поднесени од Здружението на јавните обвинтели и Советот на јавните обвинители. На 24 декеври 2025 судот повел постапка за оценување на уставноста на измените на законите на платите на Јавните обвинители и на членовите на Советот, донесени во 2024 година. На седница одржана во март годинава, постапката била запрена, поради исцрпеноста во примената на законот, и на истата седница предлогот за поведување постапка за уставноста на законските измени од 2026 година, не го добил потребното мнозинство гласови..Истиот предмет пак, бил повлечен од дневен ред на седницата на судот во септември, заради дополнително утврдување на фактичката и правната состојба.. Судот потсетува и дека во моментов функционира со осум од предвидените девет уставни судии. Последните законски измени со кои беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители беа во февруари годинава...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Bugatti“ се излизга на влажен коловоз: Јутјубер нуди да го купи уништениот автомобил (ВИДЕО)Оштетениот „Bugatti“ го привлече вниманието на еден познат јутјубер, кој веќе нуди пари за него.Еден од само 500-те произведени примероци на „Bugatti Chiron“ е оштетен во сообраќајна несреќа во Мајами. Снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобил покрај патот, кој претрпел сериозни оштетувања што би можеле да доведат до исклучително скапа поправка. Сопственикот на црниот „Bugatti Chiron“ сигурно не очекувал дека неговиот хиперавтомобил ќе заврши покрај тротоарот откако возел по влажен коловоз. Околностите под кои се случила несреќата се непознати, но видео објавено на социјалните мрежи покажува како автомобилот стои веднаш до едно големо дрво. Врз основа на достапните снимки, возачот најверојатно изгубил контрола на лизгавиот пат, при што автомобилот се завртел или пролизгал. На предниот дел од каросеријата има видливи оштетувања, вклучително и напукнат долен дел од браникот и преден спојлер. View this post on Instagram A post shared by ONLY in DADE (@onlyindade) Сепак, се чини дека задниот дел од возилото може да претставува посериозен проблем. Десното задно тркало е поместено од својата правилна положба, што укажува на можно сериозно оштетување на системот за потпирање, пренесува „Carscoops“. Исто така, можно е да е оштетено и подвозјето, а оштетено е и едно од предните тркала. Поправките би можеле да чинат цело богатство. Кај автомобил како „Chiron“, дури и навидум безначајна несреќа тешко дека ќе помине евтино. „Bugatti“ произведе само 500 примероци од овој модел, а поправките бараат специјализирано знаење, како и соодветни делови. Искуството на јутјуберот Мет Армстронг – кој изминатата година ја помина во реставрација на уништен „Bugatti Chiron Pur Sport“ во САД – покажува колку може да биде сложен еден ваков потфат. Според него, производителот не препорачува сопствениците сами да вршат поправки, што ја прави набавката на делови дополнителен предизвик. Армстронг сугерира дека најсигурниот потег за сопственикот би бил да поднесе барање до осигурителната компанија – под претпоставка дека има соодветно осигурително покритие – и поправката да им ја препушти на овластен сервис на „Bugatti“. Сепак, во коментар на објава на Инстаграм, тој навести дека можеби дури и би бил заинтересиран самиот да го купи оштетеното возило. Извор: Б92Тагови: Bugatti Мајами несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook