МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Деловните простории во центар на Скопје кои Левица ги купи по багателна ценаАпасиев и Левица се прочитани и демаскирани. Нивното глумење скромност, одејќи со велосипед на работа и левичарски активизам, им е само параван за нивните матни зделки.Левица и Димитар Апасиев не се грижат за граѓаните и државата, тие се заинтересирани само како да дојдат до деловни простории по багателна цена, на некоја атрактивна локација по центарот на Скопје. А, за да ја постигнат оваа нивна цел не бираат со кого соработуваат. Па така, Апасиев, преку партијата Левица во соработка со извршителите, купил деловни простории од над 400м2 и тоа за три пати пониска од пазарната. Извршителите, по кои плукаше и за кои бараше укинување, очигледно само колку за да собери гласови, сега му станаа најдобри соработници кои му овозможија да дојде до евтин и атрактивен деловен објект. Иако Апасиев и Левица глумеа и тврдеа дека купениот имот е толку евтин затоа што станувало збор за подрумски простории, излезе дека вистината е сосема друга. Деловниот простор кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, е во сопственост на Зоран Ивановски кој е дел од претседателството на Левица и член на Управниот одбор на Водовод-Скопје. На тоа место, односно на истата адреса каде што се наоѓа овој деловен објект, кој е над земја три-четири метри е регистриран локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Тука завршува скромноста и пропагандата на Апасиев и луѓето во Левица и нивното глумење револуционери во црни кошули. Додека глумат деца на стечајни и чесни работници, нив ги интересира само како преку ноќ, врз грбот на нивните членови, да дојдат до деловни објекти, скапи автомобили и џипови, луксузни одмори по грчките плажи. Апасиев ги лаже членовите и симпатизерите на Левица, им продала лажни демагогии и гол популизам, за тој и неговите соработници да уживаат во лагоден живот со привилегии, локали, скапи автомобили и одмори. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени..Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook