ВМРО - ДПМНЕ: Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети - Канал 5

ВМРО - ДПМНЕ: Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?

ВМРО - ДПМНЕ: Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети

СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди.

СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарски и Кавачки клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска ниту одговорност.

Дали Филипче кога вели дека треба да се учи од Заев, мисли на тоа да шурува и да ги штити криминалните кланови како што тоа го правеше Заев.

Дали Филипче кога вели нема друг како Заев, мисли на соработка со криминални кланови и бандити кога улиците во Скопје за време на СДС беа како дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден.

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?

Криминалните кланови и нарко босови од регионот со години прават криминал благодарение на СДС и Заев кои им давале македонски пасоши. Се вршат убиства, се тргува со дрога и се врши организиран криминал со македонски пасоши на штета на угледот на државата.

215 нарко босови хараат по светот и прават криминал благодарение на Заев и СДС.

Заев и Спасовски тргуваа со туѓи идентитети и издаваа фалсификувани македонски пасоши на странци, кланови, нарко босови, убијци, дали и Филипче учи од Заев како да тргува со идентитети. Заев и Филипче се трговци со идентитети.

СДС и Заев ја понижија државата и го нарушија достоинството на македонските граѓани, а сега Филипче сака истото да го прави. На Филипче идол му е Заев само поради огромните лукративни интереси.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.

СДС е синоним на предавства, неспособност и криминал.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

Папата Лав Четиринаесетти денеска за време на состанокот со претставници на други конфесии и цркви, порача дека ова е момент за дијалог и градење мостови, објавија италијанските медиуми.

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

„Убеден сум дека ако се согласиме и се ослободиме од идеолошкото и политичкото условување, можеме да кажеме „не“ на војната и трката во вооружување и „да“ на мирот и разоружувањето“, рече папата, додавајќи дека истовремено можеме да ја отфрлиме економијата што ги осиромашува луѓето и планетата Земја, а да прифатиме интегрален развој, пренесе италијанската агенција АНСА.

На средбата со претставниците на другите конфесии, папата се осврна на еврејските корени на христијанството, нагласувајќи дека сите христијани имаат посебен однос со јудаизмот.

„Теолошкиот дијалог меѓу христијаните и Евреите останува секогаш важен и близок до моето срце. Дури и во овие тешки времиња, оптоварени со конфликти и недоразбирања, потребно е со ентузијазам да го продолжиме овој наш многу драгоцен дијалог“, заклучи папата Лав Четиринаесетти на состанокот со претставниците на други религии. /МИА

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Финска ќе и испорача муниција на Украина во вредност од 90 милиони евра, користејќи ги руските финансиски средства што беа замрзнати од Европската унија по руската инвазија врз Украина во 2022 година, јави денеска финското Министерство за одбрана.

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

ЕУ проценува дека 210 милијарди евра - од вкупно околу 300 милијарди долари замрзнати руски средства - се чуваат во рамките на 27-члената унија, главно во форма на државни обврзници што ги држи Централната банка на Русија како девизни резерви.

Минатата година, Европската комисија одлучи приходите од овие средства да можат да се користат за поддршка на украинската армија преку фонд управуван од ЕУ.

-Успеавме да договориме дополнителни средства за финска поддршка на Украина, рече министерот за одбрана Анти Хакканен.

„Производите се купуваат од финската индустрија, што ја зголемува вработеноста во земјата, а потоа се испраќаат во Украина за да помогнат во нејзината одбрана. Многу сум задоволен од овој исход“, додаде министерот.

Кремљ засега не излесе со коментар на одлуката, но претходно неколку пати изјави дека секоја мерка за запленување или продажба на замрзнати руски средства би била нелегална, би ги нарушила имотните права, би поставила опасен преседан и би била оспорена на суд./МИА

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина

„Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучително и прекин на огнот“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата прва реакција по двочасовниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Хина.

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина

Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп заврши пред малку.

Рускиот претседател разговорот го опиша како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесуваат руските агенции.

Путин наводно му се заблагодарил на Трамп за неговата улога во обновувањето на директните преговори меѓу Москва и Киев.

Според државните руски медиуми, Путин наводно рекол дека тие „генерално се на вистинскиот пат“, но повторил дека двете страни ќе мора да се согласат на компромиси, пренесе Хина.

притисни ентер