ВМРО-ДПМНЕ: Дали Деаноски го претвора УПОЗ во клуб за лица блиски до СДС? - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Деаноски го претвора УПОЗ во клуб за лица блиски до СДС?

Се поочигледно е политичкото влијание на СДС во синдикалните структури на ССМ. 

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Деаноски го претвора УПОЗ во клуб за лица блиски до СДС?

Последен пример за тоа е организацијата на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, зад кои стои членот на претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски.

За организација на настанот биле потрошени 60.000 евра.

Разочарани членови тврдат дека предност при изборот имале лица блиски до СДС. Наместо еднакви можности за сите привилегиите биле резервирани за однапред избрани луѓе.

Дали ваквите скапи патувања се приоритет на раководството на ССМ?

Раководството на ССМ се оддалечува од реалните проблеми на работниците и се претвора во групација која функционира по политички и партиски линии.

Синдикатите треба да ги застапуваат интересите на сите работници, а не да бидат место каде привилегиите и бенефитите зависат од политичка блискост.

ССМ постојано губи членови, а членовите на претседателството ќе го претворат ССМ во политичка каста блиска до СДС.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикалната кошничка за месец јуни изнесува 68 654 денари, најголема е ставката за трошоците за храна

Синдикалната кошничка за јуни изнесува 68 654,00 денари..Трошоците за храната се најголема ставка, што според Синдикатот ја отвора итноста на мерки за заштита на стандардот.. 

Синдикалната кошничка за месец јуни изнесува 68 654 денари, најголема е ставката за трошоците за храна

На едно четиричлено семејство му се потребни 68 654 денари за да ги покрие основните трошоци ако не живее под кирија. Ова го покажуваат најновите податоци од синдикалната минимални кошничка која се пресметува од ССМ секој месец. Иако во овој период има пад на сезонското овошје и зеленчук сепак трошоците за храна и нааму се најголемата ставка само за која се троши една просечна плата додека за да се поркирјат сите трошоци не стигаат ниту две и пол просечни плати. Овие показатели според синдикатот покажуваат дека народот осиромашува и укажуваат дека е потребен итен состанок на социо економскиот совет за да се преземат мерки за задржвање на стандардот на граѓаните

Од друга страна и владата за 10 до 15 јули ја најавува својата пресметка на трошоците за живот кои според министерството за економија не се прават за да бидат пандан на синдикалната кошничка туку за да се добијат реални показатели за идните политики и мерки кои би ги носела владата.

„Таа едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од маркетите, пазарите… Таа ќе ни биде потребна кога имаме економски кризи или одредени економски политики, да ни дава насоки во креирање нови законски решенија, економски стратегии, одлуки“, истакна заменик-министерот Ристески.

Синдикалната кошничка се изработува од 2010 година кога изнесуваше 29 199 денари и во која влегуваа седум групи на производи. Од 2023 година таа е проширена на 11 групи на производи. Ако се спореди пресметката според новиот модел само за последните три години трошоците за живот се пораснати за 14% односно за 8 329 денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ

До 1 јули списокот на кадровските промени во Владата ќе стигне во Собранието, потврди денеска премиерот Мицкоски кој најавува дека освен владината реконструкција, каде не се исклучува ниту опција за промена на ресори.

До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ

Најдоцна до први јули целиот список со кадровски промени во Влада ќе биде доставен до Собрание, најави премиерот Христијан Мицкоски. Додека траат коалициските разговори тој не открива детали и имиња, но кажа дека ќе има промена на ресори, а реконструкцијата не завршува со министрите – туку ќе продолжи и во пониските ешалони со директорите и на локално ниво. По вчерашниот состанок со Вреди, за кој рече дека поминал во пријатна атмосфера, Мицкоски денеска седна на маса и со партискиот врв на ЗНАМ, од каде претходно кажаа дека се задоволни од досегашната работа на двајцата министри за правда и јавна администрација.

„Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. / До крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент пред парламентарците. Понатаму ќе продолжиме и со другите структури и на локално ниво, имаме и на локално ниво голема бројка директори на јавни претпријатија. Имаме свое мислење за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни. Такви се повеќето, но има и таму каде што е потребно да се поправиме и на ниво на општини, но и на локално ниво од аспект на подрачни единици. Така што процесот ќе продолжи таму во втората фаза во текот на летото...“

Во меѓувреме има многубројни шпекулации за тоа кој се ќе биде опфатен со реконструкцијата- се споменуваат министрите Ристовски, Љутков, Јаневска, Филков, ротација на Сали и Алиу... Министерот за социјална политика Фатмир Лимани кој веќе не е дел од Вреди, вели дека за него лично не разговарал со премиерот.

„Ние знаеме дека и во Фудбалската федерација има селектор кој си ја прави екипата, а овде има мандатар кој го составува својот тим. Не сме на овие позиции за да бидеме товар на премиерот, туку да бидеме играчи кои ќе ја завршат работата во полза на народот. Дури и ако денес завршува мојот мандат, мислам дека повеќе треба да се насочиме кон тоа што сме направиле за доброто на државата, без разлика која е цената што треба да ја платиме.“

Од Владата засега само информираа дека непроменета позиција на премиерот Мицкоски е дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапки од принципите, и дека тој не прифаќа оправдувања за неисполнети обврски на фукционерите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкода ја претстави внатрешноста на новиот голем електричен СУВ

Škoda ги објави првите скици од ентериерот на својот нов електричен водечки модел со седум седишта, моделот Peaq.

Шкода ја претстави внатрешноста на новиот голем електричен СУВ

Илустрациите откриваат пространа кабина со атмосфера на дневна соба, удобни материјали и интуитивен интерфејс.

Нов пристап кон управувањето со возилото

И Шкода наскоро ќе понуди огромен екран, кој ќе го краси новиот Peaq. Чесите го опишуваат ентериерот на новиот модел како пространа кабина со јасна, хоризонтална архитектура што ја зголемува отвореноста. Самостојниот централен дисплеј и компактниот дигитален панел се дизајнирани да го поедностават престојот на возилото, додека „лебдечката“ централна конзола го зајакнува чистиот и добро организиран распоред.

Peaq добива нови физички контроли што овозможуваат интуитивна интеракција со контролите на климата, поставките за јачина на звук и другите основни функции на возилото. Ергономски прилагодливите потпирачи за раце поддржуваат вертикална употреба на екранот, додека интегрираните магнетни безжични докинг-места обезбедуваат ефикасно полнење на паметни телефони.

Концепт на Lodge и избор на материјали

Внатрешноста го следи таканаречениот концепт на Lodge, кој комбинира меки текстилни површини со робусни тактилни елементи. Материјалите се избрани со акцент на удобност, издржливост и лесно одржување.

Светската премиера на новата Шкода Peak ќе се одржи на 23 јуни 2026 година во Монетие-Морнекс, Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер