2Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ:Американскиот научно-здравствен совет посочи: Заев и Филипче се извор на лажни вестиАмериканскиот научно-здравствен совет посочи: Заев и Филипче се извор на лажни вести за време на корона кризата.Советот потврди дека Македонија е меѓу земјите кои даваат погрешни податоци или фабрикувани податоци во врска со статистиката поврзана со корона вирусот. Македонија според „пријателите“ на Заев, Шекеринска, Филипче е во друштво на Белорусија, Таџикистан, Египет, Албанија, Македонија, Бангладеш, Украина, Сирија, САД, Индија, Иран итн. Дека владата е извор на лажни вести во контекст на статистиката за корона вирусот ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште лани непосредно по појавата на КОВИД-19 во земјава. Во меѓувреме, не само во врска со статистиката Владата продолжи со лажни вести и за главната алтака во борба против корона, вакцината. Вакцини ќе има во јануари, за една недела, за две недели, февруари, март. Последна вест е дека во понеделник Филипче ќе потпише договор за кинески вакцини, ама дали сега исплашен, па рече не сака да калкулира со термини?! За сите овие лаги, кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, мора да има одговорност! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на средба со постојаната координаторка на ОН Рита КолумбијаЗаедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство. Во фокусот на разговорите беше потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за превенција, заштита на жртвите и ефикасно институционално постапување во случаите на родово базирано насилство. Претставниците на Обединетите нации ја поздравија посветеноста на Министерството за внатрешни работи и активностите што се преземаат во насока на зајакнување на системот за превенција и заштита на жртвите, како и напорите за поефикасно справување со овој сериозен општествен предизвик. На средбата беа разгледани и можностите за понатамошна поддршка од агенциите на Обединетите нации, преку развој на заеднички програми, реализација на обуки и дополнително јакнење на професионалните капацитети на полициските службеници. Посебен акцент беше ставен на значењето на едукацијата и подготовката на идните полициски службеници уште во рамките на Средното полициско училиште, со цел тие да стекнат современи знаења и практични вештини за препознавање, превенција и професионално постапување во случаи на родово базирано насилство. Министерството за внатрешни работи и Обединетите нации ја потврдија заедничката определба за продолжување и продлабочување на соработката, со цел изградба на поефикасен систем за заштита на жртвите и создавање побезбедно општество за сите граѓани.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваГеоргина се огласи откако Роналдо го напушти теренот во солзиПартнерката на еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Георгина Родригез се огласи откако Кристијано Роналдо го напушти теренот во солзи: Испрати емотивна порака.Кристијано Роналдо ја пропушти шансата да ја освои титулата на Светското првенство, а по болниот пораз на Португалија од Шпанија, неговата свршеница Георгина Родригез јавно му ја понуди својата поддршка. Португалија во понеделникот ја заврши својата кампања со пораз од 1–0 против Шпанија, откако Микел Мерино постигна гол во судиското надополнување на натпреварот одигран во Далас. Поразот особено тешко му падна на капитенот на Португалија, 41-годишниот Роналдо, кој го напушти теренот во солзи. Кратко по натпреварот, Георгина се огласи на социјалните мрежи за да испрати емотивна порака за поддршка на португалската фудбалска ѕвезда. На својот Инстаграм, таа сподели објава од Најк, еден од долгогодишните спонзори на Роналдо. На фотографијата е прикажан профилот на Роналдо заедно со пораките „Легендата живее“ и „Приказната продолжува“, придружени со иконското лого на Најк. Георгина, која има над 74 милиони следбеници на Инстаграм, додаде емотикон во форма на црвено срце на објавата. Роналдо беше видливо емотивен по елиминацијата, а камерите ги забележаа моментите кога не можеше да ги задржи солзите. Фотографиите и видеата набрзо ги преплавија социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции од навивачите ширум светот. Многумина ги гледаат солзите на Роналдо како симбол на потенцијалниот крај на една од најголемите меѓународни кариери во историјата на фудбалот. Португалскиот капитен има рекордни 233 настапи за националниот тим и постигна импресивни 146 гола. Иако сè уште не донел одлука во врска со неговата иднина со националниот тим, се зголемуваат шпекулациите дека ова би можел да биде неговиот последен голем турнир во дресот на Португалија. o Cristiano Ronaldo chorando pela eliminação de Portugal contra Espanha. acho que nunca vi esse homem chorar na vida #PORxESP pic.twitter.com/qaXIlDX93n — ☙ (@layzhis) July 6, 2026 Сепак, поддршката од неговите најблиски е непоколеблива, а пораката на Џорџина им послужи како потсетник на многумина дека - како што е наведено во објавата што ја сподели - „приказната продолжува“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГодишна инфлација во јуни: Македонија – 3,4%, Хрватска – 4,5%, Турција 32,11%Годишната инфлација во Македонија во јуни е 3,4%, но тоа што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 2,5%, а кај облеката и обувките 2,1%.Практично, годишната инфлација во јуни најмногу ја зголемуваат алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците со 9,3%, како и транспортот со 6,2%. Колку за споредба во регионот: Грција – 3,9% Бугарија – 5,6% Хрватска – 4,5% Словенија – 3,6% Турција – 32,11% Другите земји од регионот сè уште немаат објавено податоци за јуни, па последните достапни се за мај: Косово – 6,8% БиХ – 5,6% Црна Гора – 3,6% Србија – 3,5% Албанија – 3% Ако го споредиме јуни 2026 со јуни 2022, тогаш бројките се следни: Јуни 2026 – 3,4% Јуни 2022 – 14,5% Ова е споредбата кога ќе се споредат двете енергетски кризи – првата по нападот на Русија врз Украина, а втората по нападот на САД врз Иран. 1 : 4,26.Тагови: инфлација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter