ВМРО-ДПМНЕ: Ако блеска економијата како што вели Заев, немаше и Пендаровски да сака да се исели од Македонија.

Да блескавме како економија и држава како што тврди Зоран Заев и владата, немаше и Стево Пендаровски да сака да се исели од Македонија.

Попусти се сите фингирани бројки од владата кои со розови очила ја гледаат црната реалност.

Најголемиот доказ дека Македонија оди во погрешен правец со Заев и СДСМ го даде Стево Пендаровски од Белград, кој јавно на регионален форум во Нови Сад кажа дека и тој ако не би бил претседател на државата би се иселил.

Не мисли само Пендаровски да се иселува. Со оваа влада се иселија илјадници млади луѓе. Полни се автобусите и аеродромите со млади со карти во еден правец.

Иселувањето е последица на презадолженост на државата, со јавен долг од над 5.4 милијарди евра, високите даноци, нефункционалниот правен систем, непотизмот, криминалот и корупцијата единствена опција за младите е да се иселуваат.

Македонија нема повеќе време за чекање. Оваа власт потроши 3 години од животот на граѓаните.

Македонија има потреби од обнова и вистински политики и реформи кои ќе ја стават државата на брза лента кон ЕУ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

притисни ентер