ВМРО-ДПМНЕ 58, ДУИ 19, СДСМ 18 Левица и ЗНАМ ќе имаат по 6 пратеника во новиот парламент

Речиси тројна предност на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата пред коалицијата преводена од СДСМ е резултатот од вчерашните седми по ред парламентарни избори. 

ВМРО-ДПМНЕ над 430 илјади гласови, а СДСМ над 153 илјади освоени гласови, веднаш зад нив Европскиот фронт предводен од ДУИ со над 137 илјади галсови, кои практично за првпат добиваат поголем број на пратеници од СДСМ на парламентарни избори. 19 пратеници добива ДУИ иако имаат помал број на освоени гласови, односно за еден повеќе од СДСМ кои во следниот парламентарен состав ќе имаат 18 пратенички мандати.

По изборни единици, бројот на освоени мандати изгледа вака.

ИЕ 1 - ВМРО- ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА - 10 пратеници, СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА - 3 пратеници, ДУИ И КОАЛИЦИЈАТА – 2 пратеници, КОАЛИЦИЈА „ВРЕДИ“ - 2 пратеници, ЛЕВИЦА - 2 пратеници и ДВИЖЕЊЕ „ЗНАМ“ - 1 пратеник.

ИЕ 2 - ВМРО-ДПМНЕ 8 пратеници, ДУИ И КОАЛИЦИЈАТА - 4 пратеници, „ВРЕДИ“ - 3 пратеници, СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА - 2 пратеници, ДВИЖЕЊЕ „ЗНАМ“ - 2 пратеници И ЛЕВИЦА - 1 пратеник.

ИЕ 3 - ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА - 14 пратеници, СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА - 4 пратеници, „ЗНАМ“ и ЛЕВИЦА по 1 пратеник.

ИЕ 4 - ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА - 13 пратеници, СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА - 5 пратеници, ДВИЖЕЊЕ „ЗНАМ“ - 1 пратеник и ЛЕВИЦА - 1 пратеник. Во трета и четврата изборна еднициа алабнските коалици Вреди и Европскиот фронт не освоија пратенички места.

ИЕ 5 - ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА - 10 пратеници, ДУИ И КОАЛИЦИЈАТА - 4 пратеници, СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА - 3 пратеници, КОАЛИЦИЈА „ВРЕДИ“ - 1 пратеник, ДВИЖЕЊЕ „ЗНАМ“ - 1 и ЛЕВИЦА - 1 пратеник.

ИЕ 6 – во оваа изборна едници Знам и Левица не освоија по ниту еден пратеник, а Европскиот фронт и Вреди очекувано имаат по најголем број освоени мандати. ДУИ И КОАЛИЦИЈАТА - 9 пратеници, КОАЛИЦИЈА „ВРЕДИ“ - 7 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА - 3 пратеници, СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА - 1 пратеник.

Од следниот приказ може да се види како точно ќе изгледа новиот парламентарен состав во кој со пратеници влегуваат Вкупно Шест партии и коалиции ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЕВРОПСКИ ФРОНТ, ВРЕДИ, ЛЕВИЦА И ЗНАМ, која како нов политички субјект за првпат влегува во Собранието. Но, со огелд на тоа што ниту една коалиција не освои парламентарно мнозиство од 61 пратеник, така што за формирање на идната Влада ќе биде потребно победникот да влезе во коалиција со некоја од овие парии.

Паралено со парламентарните вечера се одржа и вториот круг од претседателските избори. Македонија ја добива првата жена претседател откако кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата од првиот круг со двојно повеќе гласови од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски од коалицијата на СДСМ: 560.173 гласови за Гордана Сиљановска Давкова, наспроти 251.541 за Стево Пендаровски.

Согласно овие изборни резултати веќе овој викенд на 12-мај в недела на пладне ќе се одржи инаугурацијата на новата претседатлка, која ќе даде заклетва пред стариот собраниски остав. Најдоцна пак 20 дена по денот на изборите, односно до 28 мај согалсно роковите во Уставот треба да се одржи конститутивна седница за новиот Праламентарен остав. Најдоцна десет дена потоа треба да биде доделен мандатот за формирање Влада на партијата, осносно апртиите коиосвопиле најголем број пратенички мандати на изборите – во случајот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мандатот на Мицкоски ќе му го додели претседателката Силјановска Давкова. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на новата Владата, која се гласа со мозисство гласови во Собранието – односни 61 пратеник. Согласно овие рокови Македонија би требало да ја добие Новата Влада најдоца до 27 – јуни.

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. 

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.

Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Утринската температута ќе се движи од осум до 15, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.

Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден

Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакнал дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.

-Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, се наведува во соопштението.

притисни ентер