ВМРО-ДПМНЕ: 25 - 40 илјади ученици немаат дигитални уред за следење настава

25 - 40 илјади ученици немаат дигитални уред за следење настава, Царовска требаше до сега да им набави и да ги опреми

Вистината на виделина.

Револтот кон новата Концепција за реформи во основното образование достигнува кулминација со најавата за укинување на печатените учебници и нивна замена со дигитални, за учениците од четврто до деветто оделение.

И покрај бројните реакции Мила Царовска упорно се труди да го одбрани неодбранливото, убедувајќи ја јавноста дека дигитализацијата на образованието е модерна и потребна, за што пак баш никој од јавноста не спори.

Она што е спорно е зошто се укинуваат печатените учебници кога огромен број на ученици, според Министерката околу 25 000, а според други проценки околу 40 000, не можат да си дозволат дигитални учебници, затоа што немаат дигитални уреди или немаат струја и не можат во догледно време ни да ги имаат.

Министерството ако беше подготвено, ќе им ги набавеше уредите во изминатат година ипол, а не сега да ветува дека допрва ќе ги набави.

И покрај три полугодија со онлајн настава претседателот на Средношколската унија изјавува дека огромен број од нив се дигитално неписмени. Зошто? Затоа што немаат дигитални уреди.

Сепак вистината за инсистирање на дигитални учебници дојде од изјавата на поранешната заменик министерка, а сегашна директорка на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска. Таа изјави дека дигиталните учебници се поевтини и дека во нив по потреба поевтино може да се прават коракции.

Откако Царовска се пофали дека новите учебници треба да поминат бројни контроли и ревизии, прашуваме какви тоа корекции ќе треба да се прават и за чии потреби?

Од изјавата на Елизабета Наумовска јасно се гледа дека станува збор за пари. Па нели буџетот на МОН има предвидено средства за новата концепција? На што ќе се трошат парите од земот во вредност од 21,5 милиони евра? Пред банкрот ли сме, па мора да штедиме на учебници и на учениците им нудиме фотокопии?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бела Хадид во проѕирен фустан на црвениот тепих во Кан, сите занемеа (ФОТО)

Манекенката Бела Хадид го украде шоуто на Канскиот филмски фестивал кога се појави во проѕирен фустан кој ги откри нејзините облини.

Во фустан со потпис на брендот Ив Сен Лоран, Бела го привлече вниманието на фотографите на црвениот тепих и на балконот каде позираше пред да го напушти хотелот. Папараците буквално ја опколиле при нејзиното пристигнување на црвениот тепих.

Инаку, Бела се појави на проекцијата на филмот The Apprentice.

Во Калифорнија среде ноќ исчезна очувот на принцезата Татјана од Грција (ВИДЕО)

Очувот на принцезата Татјана од Грција (43) ненадејно исчезна среде ноќ во Малибу.

Како што објави „Дејлимејл“, Атиљо Брилембург (53) исчезнал во саботата, а последен пат бил виден во еден часот по полноќ. Носел сина кошула, сиви панталони и бил бос.

Властите ги повикаа сите кои можеби знаат нешто за неговото движење да се јават. Родениот њујорчанец, кој е поврзан со европските кралски членови, бил забележан недалеку од луксузен станбен комплекс. Тоа е ридско подрачје, кое што било слабо осветлено.

Околностите под кои исчезнал не се откриени. Полицијата навела дека станува збор за белец, висок 177 сантиметри, тежок околу 75 килограми, со седа коса, зелени очи и тетоважа на горниот дел од телото.

„Загрижени сме за господинот Брилембург“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Атилио Брилембург е очув на принцезата Татјана од Грција, член на грчкото и данското кралско семејство, која е родена во Венецуела. Полицијата изјавила дека тој повеќе нема никаква врска со кралското семејство. Принцезата Татјана од Грција е мажена за принцот Николај, син на Константин II, кој беше крал на Грција до укинувањето на монархијата во 1973 година.

Парот, кој се венчал во август 2010 година, минатиот месец објави дека се разведува. И покрај ова, Татјана најави дека ќе ја задржи титулата. На свадбата, која беше опишана како „Мама миа, со аристократи“, присуствувале претставници на кралските семејства на Холандија, Данска, Шведска и Шпанија.

Принцезата Татјана, чие полно име е Татјана Блатник, се занимава со пишување и филантропија. Таа пораснала во Швајцарија. Основач е на непрофитната организација „Дух“ која се занимава со подигање на свеста за менталното здравје.

Шок во Тирана: Тројца мажи киднапирале момче среде главниот плоштад и го силувале

Во Тирана денеска е киднапиран и силуван 20-годишен млад човек, соопшти полицијата, додавајќи дека сторителите се уапсени.

Невидениот настан се случил на плоштадот Скендербег во центарот на Тирана, каде Д.Б. (36), Е.Х. (31) и неименуван 19-годишен маж, насилно го зеле 20-годишникот и го силувале, пренесува VoxNews.

Сите тројца се уапсени, додека уште еден маж на 28-годишна возраст исто така е лишен од слобода бидејќи не го пријавил делото.

Се сомнева дека целиот настан се случил од банални мотиви.

Според полицијата, тројцата со употреба на насилство го киднапирале младиот човек.

Специјалисти за истрага на криминал од Полициска станица бр. 1, откако добиле пријава од дваесетгодишен маж дека тројца мажи му ја одзеле слободата, веднаш организирале нивно фаќање.

Материјалите се проследени до Обвинителството.

притисни ентер