МакедонијаВМРО-ДПМНЕ:14 милиони евра од само една зделка на Марковски компани со РЕК и ЕСМДали овие пари завршиле кај Заев и Филипче во Бугарија?Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани. За неколку години, оваа фирма доби над 200 милиони евра во тендери, а дел од тие пари потребно е да се истражат дали завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија. Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, сопственикот на Марковски компани доби куќен, наместо затворски притвор. Една од историско најголемите зделки во РЕК и ЕСМ, ја добила токму Марковски компани, од неверојатни 46 милиони евра. Иако, на овој тендер се пријавиле и други фирми со 30% пониска цена, Заев и Филипче овој тендер му го доделиле на Марковски компани. Прашањето кое остана неодговорено е каде завршиле овие дополнителни 30% средства, односно во бројка околу 14 милиони евра? Дали овие 14 милиони евра завршиле на сметка на фирми на Заев и Филипче во Бугарија? Зошто Заев и Филипче молчат? На ваков начин СДС работеше долги година на власт. Тендери си делеа неколку луѓе од врвот, како Заев и Филипче, а потоа си ги делеа и си инвестираа во фирми. Од друга страна, беа заштитени од страна на судството и обвинителството, кое тие го држат под контрола. Затоа, ги повикуваме граѓаните, да го поддржат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор. Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на границаДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски. Половина од Владата има бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски пасоши и посебен премин на граница. Тие си обезбедија Европа. На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце. Додека тие летаат, народот стои во колона. Ова е нивна политика. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФнидек во вонредна состојба по мигрантската кризаПо масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната. Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа. Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута. Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа. Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе. Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихијаВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација. Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден. -Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец. Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица. -Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика. Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари. Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook