Вљубени и разиграни - патуваат по светот и прават фотографии од кои ќе ви застане здивот! - Канал 5

Вљубени и разиграни - патуваат по светот и прават фотографии од кои ќе ви застане здивот!

Њујоршка танчерска двојка со акробатски способности го патува светот и се фотографира во танчерски пози кои и пркосат на гравитацијата. Двајцата талентирани танчери се верени, и својата љубов ја изразуваат на овој прекрасен начин.

24 годишната Ешли Монтаг и нејзиниот вереник Ричард Хенки (28) се запознале во 2007 -мата година на заедничка претстава. Последните две години напорно тренираат акробатски балет и настапуваат заедно.

- Следното лето откако се запознавме почнавме врска, која 6 месеци се одвиваше на далечина - Ричард работеше во Мајами а јас во Сиетл. Потоа тој се пресели во Сиетл а во 2009 заедно отидовме да живееме во Њујорк. сега патуваме по светот, а кога ќе ги замолиме луѓето да не фотографираат тие остануваат шокирани бидејќи не знаат каква поза ќе заземеме - мислат бараме обична фотографија. Понекогаш забораваат да не сликаат бидејќи го гледаат нашето танцување, а тоа за нас е огромен комплимент - вели Ешли.



The couple dream of  performing for a major circus company or production. Pictured here on the Pont de Bir Hakeim, in Paris


Ешли и Ричард се искусни во балетот, но сега го совладуваат акробатскиот балет и се надеваат дека ќе можат да направат свое сопствено акробатско шоу.

- Она што сега го правиме за нас пред 4 години беше незамисливо. Многу ни помогна тренерот Џером во Монтреал.



The pair go to great lengths to take the perfect shot. Here, they pose on top of statues at the Trocadero Museum Circus, in Paris


- Ричард ми предложи брак на Божиќ во 2013 година. Тоа беше една прекрасна романтична вечер - вели вљубената Ешли.

Во галеријата погледнете дел од нивните фотографии кои ќе ви го одземат здивот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Има ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. 

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици.

Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.

Трамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална  средба во Кина

Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“.

Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина.

Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција.

Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температури над просекот

Времето денес ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. 

Променливо облачно со температури над просекот

Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер