Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска
Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој
1Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска
2Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој
РакометВлезниците за натпреварот меѓу Македонија и Романија се пуштени во продажбаРакометната федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за претстојниот натпревар против Романија во баражот за Светското првенство.Македонската ракометна репрезентација на десетти јуни од 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочи со Романците, а поради значајноста на натпреварот се очекува ракометарите да добијат што поголема поддршка од трибините. Влезниците имаат цени од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер). Македонија првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се одигра во Клуж на 13 јуни. Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското првенство што ќе се одржи во Данска и Германија во јануари 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и ИрскаMинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до четврток ќе оствари работни посети на Германија, Обединетото Кралство и Ирска.„Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни придобивки за државата, економијата и граѓаните“, напиша министерот муцунски во својата објава, најавувајќи ги посетите. На покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот Муцунски ќе престојува во диселдорф.утре министерот Муцунски ќе престојува во Лондон, каде што ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и на отворањето на првиот вински саем на земјите од централна и источна Европа во Лондон.Во периодот од 16 до 18 јуни, министерот Муцунски ќе престојува и во Даблин, Ирска каде ќе се сретне со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, хелен мекенти, при што покрај билатералните односи, посебен акцент ќе биде ставен на претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
МакедонијаПерински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развојМинистерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините.Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите. „Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска започнуваме нова фаза на поддршка преку групна испорака на стручна помош за подготовка на плански документи за локален економски развој, согласно потребите што самите општини ги идентификуваа“, истакна Перински. Тој нагласи дека целта на Министерството не е само декларативно да биде партнер на општините, туку преку конкретни активности да придонесе за олеснување на нивната работа и подобрување на локалните политики. „Локалната самоуправа е самостојна во извршувањето на своите надлежности, но преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме систем во кој знаењето, експертизата и расположливите ресурси ќе бидат ставени во функција на развојот на општините“, порача Перински. Во рамки на оваа активност, 40 општини ќе добијат стручна поддршка од експертски тим за подготовка на плански документи за локален економски развој, со цел креирање квалитетни и применливи решенија кои ќе придонесат за поттикнување на локалниот економски раст, привлекување инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните. Ресурсниот центар, во рамки на Министерството за локална самоуправа, претставува механизам за обезбедување стручна, техничка и советодавна поддршка за општините, согласно нивните потреби и предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДевет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина , оштетена е катедрала од 11 векДевет лица се убиени, а неколку други се повредени во бранот руски напади врз Украина, во кои голем религиозен споменик во Киев беше зафатен од пожар.Четири лица загинаа во нападите врз Киев, додека пет спасувачи загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот предизвикан од рускиот напад врз североисточниот град Харков, соопштија украинските власти. Катедралата Успение на Пресвета Богородица од 11 век беше значително оштетена . Украинскиот премиер Јулија Свириденко нападот го нарече „брутален ,,врз украинскиот народ и нивното наследство“.„Итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на унеско и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова државно варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во изјава за x, нападите со беспилотни летала и ракети запалија згради и автомобили, а повеќе од 140.000 луѓе во главниот град на Украина останаа без електрична енергија. Полска, соопшти дека кренала борбени авиони,а во состојба на готовност биле ставени и копнените системи за воздушна одбрана како „превентивен“ одговор на руските напади во киев.нападите се случуваат пред состанокот на Г7 оваа недела во франција, каде што на дневен ред е војната во Украина.Вчера Узеленси изјави дека разговарал со трамп за напорите за ставање крај на долготрајниот конфликт.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook