СветВлетал на роденденската забава на својата ќеркичка и ѝ пукал во лице на нејзината мајка (ВИДЕО)Маж од Тексас е обвинет дека ја застрелал својата поранешна сопруга во лице пред нивните деца, откако непоканет влетал на роденденската забава на едно од нивните деца.Јалин Џ. Форман (27) е обвинет за убиството на Џејлен Витлок (25), објави во неделата полицијата во Хјустон. Витлок починала откако била застрелана во лице во нејзиниот дом додека таа и нејзините деца го прославувале роденденот на нејзиното шестгодишно дете, пишува Law&Crime. Според кривичната пријава, Форман нешто пред 20 часот и 30 минути дошол на вратата од куќата во која живеела Витлок. Тој наводно се обидувал да влезе во куќата за да ѝ даде роденденски подарок на ќерка си, но таа му рекла дека не може да влезе. Нејзиното момче, со кое била во врска околу една година, се јавил на вратата, а тој и Форман почнале да се расправаат поради претходен инцидент во кој Форман пукал во куќата на Витлок. WANTED: Photo of Jalin J. Foreman, 27, now charged with murder in the fatal shooting of a woman at 8237 Locksley Road on Sept. 12. Tips: Call HPD Homicide at 713-308-3600 or@CrimeStopHOU at 713-222-TIPS for a reward up to $5k. More info: https://t.co/SEvIaWfOrZ#HouNews pic.twitter.com/Ht0BWTszJh — Houston Police (@houstonpolice) September 15, 2024 Форман „провоцирал и зборувал за тепачка, пукање и ги повикал да излезат надвор и да се тепаат!“, се наведува во извештајот, потоа „станал поагресивен и се вратил во својот камион паркиран пред куќата“. Децата на Витлок „биле заедно на влезот во куќата“. Додека Форман продолжил да вика, момчето на Витлок отишло во кујната да земе пиштол бидејќи Форман „постојано зборувал за пукање и тепачка“. Дечкото рекол дека додека се враќал кон вратата Форман отворил оган, се наведува во тужбата. Тој возвратил со оган. Во тој момент, Витлок наводно „го извикал неговото име и ги грабнал децата кои биле близу вратата“. Откако ја затворил вратата, нејзиното момче видело дека Витлок е застрелана и дека лежи на подот. „Им кажа на децата да се качат горе“, се наведува во тужбата. Друг сведок, сосед, изјавил на полицијата дека видел маж, подоцна идентификуван како Форман, како вози бел Шевролет, излегол од автомобилот и викал кон куќата пред да „испука најмалку пет истрели“. „Не се плашам од тебе“, наводно извикал Форман, според очевидци. „Знам каде живееш“, додаде тој. Наводно, снимката од надзорните камери покажува како бел теренец го напушта местото на настанот, а потоа се враќа неколку моменти подоцна. Друг сведок и рекол на полицијата дека го видел Форман како држи пиштол. „Повторно викам, излезете, ајде да го завршиме ова“, наводно рекол Форман, според сведоците. Тој побегнал од местото со бел шевролет. Во деновите по пукањето, полицијата брзо го идентификувала Формен како осомничен, иако веднаш не го именувале. „Ние сме уверени, се разбира, дека ќе го најдеме ова лице“, рече полицискиот поручник Р. Вилкенс од Хјустон, според извештаите на филијалата на NBC, KPRC во Хјустон. „Се надеваме, ако е паметен, ќе се предаде и ќе ни објасни зошто го направил тоа што го направил“, додаде тој. Полицијата се уште трага по Форман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Македонија12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми. Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности. ,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,, Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter