Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
1Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
2Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
МакедонијаВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за АлбанцитеДУИ уште еднаш ја активираше својата фабрика за лаги. Кога нема факти, измислува бројки. Кога нема аргументи, создава паника. Кога ќе биде фатена во манипулација, се обидува да ја прикрие со врева. Чиста лага е обидот на ДУИ да го измеша конкурсот за вработување во полицијата со конкурсот за ученици во средното полициско училиште. Станува збор за две целосно различни постапки, а нивното намерно мешање е доказ за политичкиот очај на една партија која се обидува да создаде лажна перцепција во јавноста. Најголемата иронија е што денес ДУИ се претставува како заштитник на Албанците. Но, каде беа заменик-министрите на ДУИ кога стоеја покрај министрите кои ги нарекуваа Албанците „терористи“? Каде беа кога еден министер изјавуваше дека не му дава право на еден Албанец да зборува само затоа што го осудил? Тогаш молчеа. Денес држат лекции. На Албанците не им требаат лекции од оние кои молчеа кога требаше да зборуваат, а денес се гласни само за да ги прикријат сопствените неуспеси. ДУИ нема ниту морален, ниту политички кредибилитет да зборува за застапеноста на Албанците. По 22 години власт, не може да се крие зад пропаганда и клевети. ВЛЕН нема да дозволи лагите на ДУИ да ги заменат фактите. Времето кога Албанците се манипулираа со фабрикувани сценарија заврши, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаТурчин со ауди удрил во полицаец на мотоцикл во Пробиштип Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. На 28.08.2026 во 20:42 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Миро Барага“ со ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Д.П.(27) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(39) од Р.Турција, со привремен престој во с.Крилатица, кратовско. Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали ќе поминат спорните имиња на улици во Тетово?Спорните имиња на улици во Тетово сe уште се отворено прашање…Дали ќе поминат спорните имиња на улици во Тетово? И покрај досегашниоте бројни реакции на тетовци и Сојузот на борци, предлог-списокот досега има над 200 нови имиња , но ниту едно име сè уште не е конечно. Ако има негодување од граѓаните за одредени имиња, тие нема да бидат изгласани во општинскиот совет, вели за Канал 5 професорката по историја Оливера Гиченко која е член на комисијата за именување на улиците. Вели дека во фазата на прочистување на предлог имињата биле прифатени оние кои не се против уставниот поредок и се внимавало сите заедници да бидат застапени. „После прочистувањето на списокот, истиот се доставува до советот на општина Тетово каде треба да се усвои со Бадентер. Доколку на списокот се најде некое име за кое има негодување кај граѓаните на Тетово истото нема да биде изгласано од советот. Потоа, се испраќа до Владата на Република Македонија на усвојување. Постојните имиња од илинденскиот период и борци на НОБ не се тема на разгледување на комисијата и тие остануваат.“ Но ниту од Комисијата ниту од Општина Тетово засега нема коментар дали ќе ги земат предвид на забелешките на Сојузот на борци. Сојузот последно реагираше дека името на лекарот Џафер Сулејман за кој велат дека бил назначен за градоначалник на Тетово за време на окупацијата во Втората светска војна и со највисоки почести го пречекал фашистичкиот генерал Алберто Париани. Спорно за нив е што не само ова туку и други имиња едногласно поминале во комисијата наспроти уверувањата дека нема да се прифатат имиња спротивни на уставниот поредок. „Списокот што е прифатен од работната група и што ќе оди понатака на Советот на Општина Тетово, и освен едно име кое е исклучок, се е спорно. Секое име кога ќе се обработи и ќе се разбере нивната лоша позадина е сосема приказна. Нивна цел е да ја сокријат нивната исклучително лоша позадина. Сојузот и понатаму ќе продолжи да се бори за вистината и македонскиот национален интерес особено во нашиот град Тетово. Албанците имаат дадено за оваа држава околу 600 жртви, значи имаат имиња со кои можат да се гордеат меѓутоа за нив во моментов тие се темно минато, за жал.“ Сојузот на борци бара целата постапка да се одложи и првин да се формира тим на историчари кои прецизно ќе ги проверат сите имиња. Тие неодамна до Собранието и координаторите на пратеничките групи доставија барање за законски измени со кои изречно ќе се забрани именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти со имиња на личности или организации поврзани со фашизам, нацизам и тероризам. Инаку конечната одлука, сепак, не е само во рацете на општинските советници. Откако предлогот ќе биде усвоен во Советот на Општина Тетово, за новите имиња на улиците потребна е и согласност од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаНад 150 деца побарале помош на Педијатрија во Тетово во последните 48 часа – 12 хоспитализираниВисоките температури што преовладуваат во последните денови го зголемија приливот на млади пациенти на педијатриското одделение во Клиничката болница во Тетово... Летните вируси земаат полн замав, се зголемува бројот на прегледи на детските клиники ширум земјава, само во тетовската болница во изминативе 48 часа лекарска помош побарале околу 140 деца, 12 се хоспитализирани. Симтпомите кај добар дел од нив се повраќање, дијареа и дехидрација, но помош се бара и поради настинки, тонзилитис и други вообичаени прегледи. Бројките не отскокнуваат во однос на вообичаените, простор за загриженост нема, уверуваат од тетовската болница. „Според добиените информации, во моментов нема аларамантна состојба, ниту невообичаено зголемување на ваквите случаи. Бројката објавена во медиумите се однесува на вкупниот број извршени педијатарски прегледи, во кои се вклучени и пациенти со други знаци и симптоми, а не само со дијареа и повраќање. Бројот на прегледи е во рамки на вообичаениот обем регистриран во текот на летната сезона.“ Епидемиолошката слика мирува и досега до ЦЈЗ во Тетово не е испратена никаква пријава за заразни болести, вели за Канал 5 министерот за здравство Сашо Клековски. Зголемен број на приеми има и во детската клиника во Скопје, каде во 24 часа се регистрирани околу 100 прегледи, исто така, најголем дел од нив се поради слични вирусни симптоми. И од таму уверуваат, станува збор за стандардни прегледи, а бројките се вообичаени. Горештините кои и натаму траат го продолжуваат ризикот од бактериски и вирусни инфекции, велат педијатрите, а најмногу на „удар“ се доенчињата до една година, но под поголем ризик се и децата до три години. Педијатарот Д-р Мира Атанасова препорачува родителите да бидат внимателни и при случај на зараза да се даде веднаш соодветен третман на децата за да се избегне хоспитализација. „Да не се прават многу големи контакти во големи објекти како што се тц и игротеки и тука особено да се внимава. Престојот дома да биде во климатизирана просторија, со соодветна температура меѓу 23-25 степени. Верувам секое семејство дома поседува електролити, поседува пробиотик, поседува лекови за покачена температура. Малите дечиња да не дозволиме да престојуваат на клиники, да немаат хоспитални третмани, со тоа што прво ќе се интервенира со хидрација добра, во домашни услови, електролити растворени во било која течност, голтка по голтка.“ Според Атанасова, особено внимание треба да се посвети на храната, која во овие жешки денови лесно може да доведе до труење. Според препораките, таа треба да биде добро складирана, лувана и соодветно термички обработена. Особено да се внимава со млечните производи и со храната која содржи јајца, поради опасност од салмонела. На децата да им се дава свежо овошје и зеленчук кои се соодветно чувани, како и свежо приготвена храна која не е постара од 24 до 48 часа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter