ВЛЕН: Во октомври победуваме насекаде - Канал 5

ВЛЕН: Во октомври победуваме насекаде

Откако 20 години крадеа, измамуваа и уништуваа секоја албанска надеж, сега без срам излегуваат и бараат граѓаните да им дадат уште една шанса!

ВЛЕН: Во октомври победуваме насекаде

Оние кои со децении ја користеа моќта за лични интереси, денес, фрустрирани и разоткриени пред граѓаните, бараат да се вратат на старите времиња на заробување и уцена.

ДУИ, која секоја институција ја претвори во партиска гранка, која ги омаловажуваше интелектуалците, која ги предаваше правата на Албанците на ниски адути за преговарање, денес се плаши од правда.

ВЛЕН е одговорот на Албанците на оваа скапана политика!

ВЛЕН е на власт за да ја спроведе промената за која Албанците гласно бараат и нема да застане сè додека секој Албанец не се почувствува слободен, рамноправен и достоинствен во својата земја.

Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВЛЕН во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните.

Времето на ДУИ заврши! Ветерот на промените започна и никој не може да го запре!

ВЛЕН победува, Албанците победуваат!

ВЛЕН

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена

 ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена за политички маркетинг.

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за законот за настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани поднесен од СДСМ и нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена за политички маркетинг преку лошо напишани, неусогласени и политички мотивирани закони, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

-Најновиот предлог-закон што во Собранието го поднесе опозициската СДСМ – Законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани – требаше да биде сериозен, одмерен и одговорен обид за системска поддршка. За жал, тој е далеку од тоа, рече Петрушевски.

Како човек рече дека изразува најдлабока почит и сочувство кон сите семејства што ги загубија своите најблиски во оваа трагедија, но како пратеник, има обврска да проговори за начинот на кој опозициската СДСМ се обидува да ја злоупотреби болката на тие семејства за дневно-политички цели.

- Овој предлог-закон е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права. Сето тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа, дополнително, законот експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии, а со тоа се воспоставува опасен преседан односно правата се темелат на конкретен настан, наместо да се воспостави универзален и праведен систем за сите жртви на несреќи или катастрофи, што го нарушува уставното начело на еднаквост на граѓаните пред законите.

Петрушевски нагласи дека продолжува континуираната и промптна поддршка од страна на Владата за сите погодени граѓани, како што беше случај и веднаш по трагедијата – кога беа преземени сите потребни мерки за покривање на трошоците за лекување и медицински транспорт во странство. Според него, Владата реагираше навремено, одговорно и човечки, и ќе продолжи со таа практика низ институционален, а не политички наметнат пристап.

Зборувајќи за предложениот закон, Петрушевски кажа дека член 11 и член 21 предвидуваат различни институции како надлежни за иста постапка – Министерството за здравство, односно Комисијата – што создава правна неусогласеност, а член 25 остава впечаток дека треба да се формираат повеќе комисии („комисии од наведените несреќи“), што е спротивно на концептот на една, централизирана Комисија утврдена во член 17.

- Законот предвидува финансиски надоместоци, без никаква анализа на бројот на корисници, ниту наведен извор на финансирање од соодветна програма во Буџетот. Ова е особено проблематично ако се земе предвид дека со членот 25 законот се проширува и на претходни трагедии. Предвидените права дуплираат веќе постоечки права од Законот за социјална заштита, Законот за здравствено осигурување и други акти, без обид за нивно усогласување или надградба. Проширувањето на примената за трагедии од 2019 и 2021 година е ретроактивен потег со спорна правна основа, кој може да предизвика правна несигурност и нееднаквост, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во предложениот закон од СДСМ, тој посочи дека не се предвидени санкции за институции што ќе постапат неажурно или ќе ги прекршат своите обврски.

-Во член 13 не е јасно дали стипендиите важат само за државни универзитети, или и за приватни и странски, што може да резултира со нееднаквост во пристапот до ова право. Не е дефиниран механизам за утврдување дали некое лице веќе примило поддршка по друг основ, ниту како ќе се пресметува разликата според новиот закон. Комисијата има прешироки надлежности и значителна дискрециона моќ без јасно утврден надворешен надзор, што отвора простор за бирократизација и евентуални злоупотреби, рече Петрушевски.

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, размислува за враќање во Спортинг Лисабон откако ќе му истече договорот со саудискиот клуб ова лето, објави „Калчомеркато“, повикувајќи се на „беИН Спортс“.

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Според изворот, Роналдо (40) би можел да го замени напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш, за кој има интерес од многу европски клубови. Роналдо е подготвен да се согласи на намалување на платата за да ја заврши кариерата во клубот од кој ја започна.

Оваа сезона, Роналдо одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 33 гола и имаше 4 асистенции.

Роналдо е дете на Спортинг, каде што беше член од 1997 до 2003 година.

Собранието повторно на едночасовна пауза

Собранието повторно не може да го утврди дневниот ред на 48-та седница, бидејќи на барање на пратеникот Сашо Јанчев од Левица е на пауза до 14:30 часот. 

Собранието повторно на едночасовна пауза

Јанчев, како што посочи, во процедурално барање на секоја седница ќе бара едночасовна пауза се додека генералниот секретар на Собранието не одговори на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници.

Собранието и претходно до 13:00 часот беше на едночасовна пауза која во процедурално барање ја побара координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски. Тој го обвини претседателот на Собранието Африм Гаши за злоупотреба на процедурите при утврдувањето на дневниот ред на денешната седница и побара пауза за да се утврди тоа.

На почетокот на седницата пратениците одлучија по скратена постапка да се донесат предлог законите за изменување и дополнување на Законот за оружјето и на Законот за употреба на македонскиот јазик, како и предлог законот за дополнување на Законот за работни односи.

Не помина барањето за ставање по скратена постапка законското решение за утврдување надомест за семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и за повредените од тој немил настан, како и барањата од денвиот ред да се тргнат Предлогот за разрешување и именување претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање.

притисни ентер