Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството - Канал 5

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

Влен бара од обвинителството јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, па Артан Груби наскоро ќе биде пуштен од домашен притвор.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

-Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?“, прашуваат од Влен нарекувајќи го поранешниот висок функционер „црната кутија на ДУИ“ зашто поседува информации за начинот на кој во минатото се носеле одлуки и се склучувале зделки во партијата.

Од ДУИ возвратија дека токму ваквото јавно прозивање на обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.

Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.

На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Шпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија. 

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута.

Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди Сеута.

Нејзината влада изјави дека одлуката за привремено суспендирање на шенгенскиот договор е за да се спречат мигрантите кои влегле во Сеута да патуваат кон италија. Мадрид го отфрли овој став, велејќи дека се заснова на лажни аргументи, бидејќи мигрантите кои дошле до Сеута немале начин да влезат во Шенген зоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер