3Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември
СветВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата винаВЛЕН потсетува на две неспорни вистини кои граѓаните веќе ги гледаат: Прво, Бујар Османи имал средба со бегалецот Никола Груевски. Познати се и местото и времето на таа средба, како и темата на разговорот.Второ, нападите што деновиве ги упатуваат кон ВЛЕН и кон нашите лидери се лага и се ништо друго освен паника, бидејќи очекуваа дека нивната соработка со Груевски и Мијалков ќе остане тајна и без докази. Реакцијата на ДУИ дека Изет Меџити се сретнал со Вулин е вистинита исто колку можноста Артан Груби да биде тргнат од црната листа на САД пред локалните избори. Ја разбираме нервозата во ДУИ, но лагите на Бујар не се правдаат со нови лаги. Албанците бараат одговор која е вистинска причина за средбите на Бујар со Груевски во Будимпешта? Еве им две опции за заокружување: опција А) Бујар му ветил дека ќе го врати во Македонија, и опција Б) Бујар му барал помош и му рекол дека ако победи во Чаир ќе го симне Али Ахмети од тронот во ДУИ. Бујар Османи не е жртва на туѓи игри, тој е свесен и активен учесник во тие договори. Тој е човекот кој со години го одржуваше системот на Али Ахмети, кој беше министер на Груевски, кој им овозможи на Груевски и Мијалков да ја контролираат државата и да изградат финансиска империја. ВЛЕН порачува: Бујар Османи не може да избега од одговорност. Тој има избор, да ја признае вината и да се повлече од политиката, или засекогаш да остане запаметен како лице кое свесно соработувало со најголемите штетници за државата и Албанците, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСекој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот просторСекој петти адолесцент во светот бил изложен на сексуално вознемирување и злоупотреба во дигиталниот простор во текот на изминатата година, потврдува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ спроведен во 21 земја.Овие загрижувачки наоди покажуваат дека интернетот сè повеќе станува небезбедна средина за најмладите, а посебно предупредување упатува фактот што сторителите на ваквите дела во голем број случаи не се непознати профили, туку лица од нивното непосредно или пошироко опкружување. За родителите и семејствата ваквите податоци значат итен повик за будност и преиспитување на дигиталните навики во домот. Експертите укажуваат дека алгоритмите на популарните социјални мрежи системски го задржуваат вниманието на малолетниците, вовлекувајќи ги во појавата позната како „думскролинг“, односно непрекинато следење на вознемирувачки содржини што директно го зголемува ризикот од тешки психолошки состојби, анксиозност и депресија.Тагови: адолесцент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долгСе потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации. Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП. Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери. Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари. Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра. Од повеќе пари народот не добива ништо. Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите. Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените. Ништо нема за народот, само нови долгови. Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Крапош: Подобрување на условите во предучилишните установи Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание.Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика , демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници од министерството, ЗЕЛС, градоначалници и претставници од општините, а беше разговарано за реновирање/адаптација и опремување на неискористени училишни/општински простории и нивно пренаменување во групи во други просторни услови. На состанокот беше ставен акцент на две главни теми и тоа јавниот повик со фокус на руралните средини и втората тема се однесуваше на отворање на младински канцеларии во рамки на општините. Покрај различните теми за кои се дискутираше, стана збор и за недостатокот од соодветен персонал во градинките и давање на согласности за вработување заради соодветна кадровска екипираност на тимовите. Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание и создавање подобри услови за децата и нивните семејства. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Крапош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00