ВЛЕН: 5 дена до конгресот на обединувањето - тие делеа, ВЛЕН обединува - Канал 5

ВЛЕН: 5 дена до конгресот на обединувањето - тие делеа, ВЛЕН обединува

На 9 мај се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците можат вечно да се држат поделени. 

ВЛЕН: 5 дена до конгресот на обединувањето - тие делеа, ВЛЕН обединува

На Денот на Европа, ВЛЕН чекори кон Конгресот на обединувањето како сила што ја разбра пораката на времето. На Албанците им е потребен силен, обединет и непоколеблив глас. Ова е ветување што го дадовме одамна.

Со години, другите ја градеа својата моќ врз поделби. Хранеа раздор, создаваа групи, купуваа молк и ја продаваа измамата како патриотизам. Денес, кога пет субјекти стануваат една сила, нивната игра се руши.

Обединувањето на ВЛЕН е одговор на годините замор, злоупотреба и политичка манипулација. Тоа е порака дека Албанците не се ничија сопственост и дека албанската политика не може да биде заложник на грст луѓе што живееја од поделби.

На 9 мај, на Конгресот на обединувањето, 850 делегати ќе ја запечатат оваа насока. Од пет субјекти во една политичка сила, од соработка во обединување, од надеж во реалност.

ВЛЕН се обединува за владеење на правото.

За нулта толеранција кон корупцијата.

За независно судство.

За европскиот пат и партнерството со НАТО.

За заштита на семејството, традицијата, културата и идентитетот.

Одбројувањето започна. Уште 5 дена до Конгресот на обединувањето.

ВЛЕН Е ЕДНО. ВЛЕН ДОАЃА.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Во четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешки крилца

150 гр. криспи брашно

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

Фактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг.

ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг.

Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина.

Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада.

Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.

2,31 милијарди евра вратена главнина за две години.

Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер