Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
МакедонијаВлекачите излегоа на сонце, граѓани алармираат за опасноста од змиитеНаглото затоплување на временските прилики како и бујната вегетација низ Скопје особено по променлливиот и дождлив период и годинава повторно ја отворија опасноста од влекачите..Само што им започна сезоната, веднаш дојде и до првата непријатна средба на граѓаните со нив... Жители од Карпош сликале змија како се сонча на нивната тераса, па веќе почна и да се шири стравот помеѓу граѓаните. Тие предупредуваат дека голем проблем е бујната вегетација и несреденоста на тревата која е воочлива изминатиов период во Скопје „Има трева до коленици, навистина не знам зошто одамна не е искосено. Има змии, крлежи, миленичињата ни шетаат тука и тоа е, опасно е. Да не седне човек некаде на клупа./ /Да, треба да пазиме очигледно, ако не работат они, ние треба да пазиме./ Стравувам нормално. ..,“ Со трева особено обрасното е во парковите помеѓу и околу зградите, каде најчесто си играат и децата, но и голем број тревници покрај скопските сообраќајници... „Тоа за децата е посебно опасно, јас не се движам низ парковите, седнувам на клупа, се надевам нема да дојде некоја змија до мене ама за децата навистина е опасно. Тие се шетаат низ тревата, тие низ тревата играат./Јас не стравувам, но за децата е лошо, па сега Господ на помош да ни е.“ Експертите велат, иако оние најотровните змии кои ги има во земјава, ги нема во централните градските подрачја, освен, ако некој со возило не ја донесе од природа во градот, што е чест случај. Најчестите појави се велат на водните змии. Но, сепак, препораката е повисоките тревни површини да се заобиколуваат. „Се посочува кон граѓаните, во овие периоди да избегнвуваат места кои се со високи треви, не дека змиите одат само во високите треви, туку на тој начин, кога е висока тревата ние не можеме да ги забележиме доволно далеку. Змиите секогаш ги следат своите извори на храна и за да дојдат до изворите на храна, при нивното движење користат сите природни засолништа кои можат да ги искористат, во случајот, високите треви се засолништа.“ Стеријовски особено апелира граѓаните да не ги заловуваат змиите сами, туку да повикаат професионалци, бидејќи може да дојде до последици. Апелира и државата конечно да оформи сектор кој би заловувал змии, но и би ги едуцирал граѓаните за да нема паника секоја пролет. Од Град Скопје за Канал 5 велат дека во однос на заловот на змии немаат никаква надлежност, односно од таму се грижат за дезинсекцијата. Што се однесува до змиите и стаорците, надлежност е на општините, кои за тоа предвидуваат и средства во сите годишни буџети, велат од градот... Што се однесува до препораките по каснување од змија, експретите велат да не се пие вода и да се остане во место, бидејќи при движење работата на срцето забрзува, а со тоа и протокот на крвта, па побргу се шири отровот. Она што е ново е дека не треба да се подврзува над каснатото место, бидејќи во паника може да се стегне премногу, што би го запрело крвотокот, па и тоа е опасно по живот. Во земјава има 16 видови на змии, а 5 од нив се отровни. Станува збор за шарката, остроглава шарка, длабокочелен смок, мајча змија и поскокот кој има најсилен отров. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter