Влегла во тоалет и се смрзнала: Околу школката се смотала огромна змија (ФОТО) - Канал 5

Влегла во тоалет и се смрзнала: Околу школката се смотала огромна змија (ФОТО)

Полицијата во Јужна Каролина имала полни раце работа во вторникот кога добила повик од испаничена жителка на која ѝ била потребна помош.

Влегла во тоалет и се смрзнала: Околу школката се смотала огромна змија (ФОТО)

Несреќната жена во раните утрински часови влегла во нејзината бања и била шокирана од глетката. Таа веднаш ги повикала надлежните, пренесува UPI.com.

Се испоставило дека зад ВЦ школката видела, ни помалку ни повеќе, кралски питон.

Службениците од канцеларијата на локалниот шериф дошле во станот, ја фатиле змијата со навлака за перница и ја однеле на безбедно.

Тие подоцна објавија фотографии на Инстаграм, а останува нејасно како рептилот влегол во бањата.

Корисниците биле шокирани од приказната и ја пофалиле храброста на органите на редот.

„Да живеев во таа област, ќе ви се јавував секој ден. Мразам змии! Ова е вознемирувачко“, напишало едно лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората

Освен електронски, може да се најде и друго решение за поголема вклученост на дијаспората во изборите - премиерот Мицкоски со нов повик до опозициската СДСМ за консензус околу Изборниот законик. 

Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората

Откако предлог законот заглави во Собрание со над 13 илјади амандмани, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нови меѓупартиски преговори. Ако биде постигнат договор, повтори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде бланко поддршка на сите други забелешки од опозициските партии.

-Еве ние сме подготвени повторно да седнеме, повторно да разговараме. Гласањето на дијаспората – да најдеме модалитет да биде во обем многу поголем, со што би заштедиле пари. Еве, нека биде со писма, преку пошта, како било, да најдеме форма како да го интензивираме гласањето на дијаспората и да го направиме достапно за дијаспората,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Но, опозицискиот лидер Венко Филипче и понатаму се сомнева во намерите на власта за изборен грабеж. Со оглед дека предлогот е да почнат од претседателските избори во 2029 година, според него не треба да се избрзува, туку да се формира експертска работна група.

-Тоа што менува само да помине законот создава сомнеж. Зошто дозволува да се отвори врата за манипулација со изборниот процес и става терет на луѓето од дијаспората дека утре тие може да бидат обвинети дека учествувале во изборен грабеж? Зошто да им ставаме таков терет? Нека дојдат тука нека гласаат со фингерпринт како што ние гласаме.. Секогаш ќе бидеме конструктивни кога се работи за тие закони, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж. И сето ова што премиерот го менува ставот еднаш вака, еднаш така, отвора сериозен сомнеж дека има позадина во целото тоа,- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Од друга страна евроамбасадорот Рокас порача дека предлог-законот кој е во Собрание е позитивно оценет од европските институции и очекува дека сепак власта и опозицијата ќе најдат заеднички јазик.

-Законот сам по себе е добар, ОДИХР и Европската Комисија имаат позитивни оценки. Она што остана се модалитетите. Разбирам дека има несогласувања околу модалитетите, но чувствувам дека има добра волја да се надминат. Исто така има комисија во Собранието за Изборниот законик и се надевам дека партиите за вака важно нешто ќе седнат и ќе постигнат консензус за овие сензитивни прашања,-Микалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија.

Иако на лидерската средба во јануари партиите генрално изразија согласност за промена на изборниот модел и воведување на 1ИЕ наместо сегашнитие 6, во предложениот закон ова прашање не е опфатено.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден - Се асфалтира улица „6“ во н.м Кадино,

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, во рамки на кои деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино.

Општина Илинден - Се асфалтира улица „6“ во н.м Кадино,

Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од 5 метри. Асфалтирањето се реализира поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација во вкупна должина од околу 3.500 метри, со што се овозможи приклучување на приближно 100 домаќинства на новоизградената канализациона мрежа.

Дополнително, извршено е нивелирање и поставување на заштитни бетонски капаци на шахтите од фекална канализација кои се наоѓаат на улицата, се врши чистење и уредување на отворените одводни канали, кои се во функција на прифаќање и одведување на атмосферските води од коловозот, како и поставување на заштитни банкини долж коловозот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуираното инвестирање во локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на општината, бидејќи современите и квалитетни сообраќајници придонесуваат за поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот на жителите од сите населени места.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со интензивна реализација на проекти за изградба и реконструкција на улици низ целата територија на општината, со цел понатамошно унапредување на комуналната и сообраќајната инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три активни пожари во Македонија, оганот кај штипскиот „Исар“ се гаси со ер-трактор

Три активни пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 13 часот, информираат од центарот за управување со кризи.

Три активни пожари во Македонија, оганот кај штипскиот „Исар“ се гаси со ер-трактор

Според ЦУК, пожарникарите во моментов интервенираат во делови од општините Штип, Пробиштип и Чешиново-Облешево.

Во општина Штип пожар е регистриран во централното градско подрачје, на местото викано исар, каде што гори ниска вегетација. Од ДЗС информираат дека „ертрактор“ веќе е полетан да интервенира на овој пожар.

На терен во населбата Исар се веќе противпожарни возила, пожарникари и доброволци од дпд од Штип, како и населението и волонтери, каде со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, не дозволуваат пожарот да дојде до најблиските објекти.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, вели дека за среќа нема повредени и нема зафатено куќи во населбата исар, која е под тврдината Исар.

Активен пожар во кој гори ниска вегетација има кај селото неокази во општина пробиштип. Од ДЗС велат дека пожарот во Пробиштипско започнал меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер