Втор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и Охрид
1Втор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и Охрид
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ЗабаваВлатко Стефановски со два концерта ќе одбележи 50 години музичка кариераВлатко Стефановски е македонски бренд во светот на рокот, џезот и блуз музиката, кој зад себе има остварено раскошна кариера што го обликуваше современиот македонски музички пејзаж и целите балкански простори.Нашиот врвен гитарист, композитор и македонска музичка легенда Влатко Стефановски, на 9 и 10 мај во Македонската филхармонија, концертно ќе ја одбележи неговата импозантна 50-годишна музичка кариера. Влатко Стефановски е македонски бренд во светот на рокот, џезот и блуз музиката, кој зад себе има остварено раскошна кариера што го обликуваше современиот македонски музички пејзаж и целите балкански простори. Како што најавауваат организаторите на концертите, на средбата со новинарите денеска ќе бидат претставени и неговите најнови винилни изданија за Croatia Records, како и персонализираните гитарски жици од светски познатата компанија Thomastik-Infeld од Виена, кои од неодамна го носат неговиот потпис. На прес - конференцијата, покрај Стефановски ќе гостува и познатиот продуцент Томислав Кашљевиќ од продукцијата Мјузик Тајм, организатор на јубилејните концерти на Стефановски, како и музичката уредничка на Кроација Рекордс, Клаудија Чулар.Тагови: Влатко Стефановски Македонската филхармонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВтор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и ОхридПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје.Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид. Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово – сите екипи остануваат на теренЕкипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а екипите интервенираа и во Буњаковец, како и на други места каде што беа пријавени паднати дрвја, оштетувања и опасности за безбедноста на граѓаните. „Работевме до доцна во ноќта и уште од раните утрински часови повторно сме на терен. Приоритет ни е да ги отстраниме сите опасности и што побрзо да ја нормализираме состојбата. Благодарам на сите служби за нивната пожртвуваност и на граѓаните за разбирањето, трпението и навремените пријави“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар и понатаму ги повикува граѓаните да пријавуваат кризни локации, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата или каква било ситуација што може да ја загрози безбедноста на следните телефонски броеви: 075 219 068 076 350 767 Секоја навремена пријава овозможува побрза реакција на терен. Воедно, апелираме до граѓаните, онаму каде што имаат можност, да помогнат во расчистување на своите дворови и просторот пред своите домови, со цел побрзо нормализирање на состојбата. Екипите на Општина Центар и денес продолжуваат со интензивни активности на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и пристигнатите пријави, сè до целосно санирање на последиците од невремето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраел гради ѕид долг повеќе од 23 километри и ја дели Газа на два делаГаза физички се дели на два дела. Израел гради ѕид долг повеќе од 23 километри.Израелската војска во вторникот потврди дека гради голема песочна бариера што го дели Појасот Газа на два дела. Со тоа физички се одвојува областа под нејзина контрола – која опфаќа меѓу 50 и 70 отсто од територијата – од зоните под контрола на Хамас. Потврдата уследи откако компанијата за сателитски снимки „Planet Labs PBC“ регистрираше топографски промени и ги достави снимките до агенцијата „Асошиејтед прес“ (AP); AP прва ја објави веста, пишува „Џерусалим пост“. Сателитските снимки покажуваат дека во текот на изминатите неколку месеци се изградени повеќе од 23 километри од бариерата. Трасата се протега низ Појасот, често минувајќи низ области каде што некогаш се наоѓале палестински населби – населби што израелската војска (IDF) во меѓувреме ги срушила. Со оглед на тоа што Појасот Газа е долг приближно 40 километри, а широк 11 километри на својот најширок дел, песочниот ѕид веќе покрива повеќе од половина од неговата должина. Сè уште не е познато дали Израелските одбранбени сили (IDF) планираат да го изградат ѕидот долж целата должина на Појасот. Исто така, не е јасно дали целта е да се ограничи Хамас и повеќе од двата милиони Палестинци на приближно 30 проценти од територијата – каде што моментално се наоѓаат – или на 47 проценти, односно делот што му останал на Хамас по прекинот на огнот во октомври 2025 година. IDF одбија да му дадат на весникот *The Jerusalem Post* дополнителни детали во врска со димензиите, спецификациите или целите на новиот ѕид. Во последните месеци, IDF постепено – и без поголеми борби – го потиснаа Хамас од линијата што опфаќаше 47 проценти од територијата кон онаа што покрива 30 проценти. Израелската војска наведува дека ова е одговор на фактот што Хамас не го започнал процесот на разоружување, предвиден за почетокот на 2026 година.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter