Влатко Стефановски и Камерниот оркестар на Битола вечер на „Охридско лето“ - Канал 5

Влатко Стефановски и Камерниот оркестар на Битола вечер на „Охридско лето“

На фестивалот „Охридско лето“, на големата сцена „Долни Сарај“ вечер концерт ќе имаат Камерниот оркестар на Битола и нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски.

Влатко Стефановски и Камерниот оркестар на Битола вечер на „Охридско лето“
Уметниците од Битола, заедно со Стефановски и настапот на солистите Михајло Трајковски – Сак, Жарко Јакимоски и Боби Мојсоски ќе изведуваат интересни дела во рамки на проектот „Рок симфонија“.

Камерниот оркестар на Битола е основан пред неколку децении и претставува значаен сегмент во музичкото живеење на Битола. Во почетоците бил составен од група ентузијасти, најчесто со мала музичка наобразба или без неа, но нивниот ентузијазам бил толку голем што за тоа време и во тие услови направиле одлични концерти. Денес Камерниот оркестар на Битола е составен од професионални музичари кои со многу жар ја продолжуваат работата на нивните претходници. Зад себе оркестарот има многу успешни концерти низ државата, учество на сите реномирани фестивали за класична музика и соработка со врвни солисти и диригенти од државата и странство како: Алесандро Д’Агостини, Анатолиј Крастев, Борис Спасов, Иван Кожухаров, Зоран Станисавлевиќ, Саша Николовски - Ѓумар, Сашо Татарчевски, Бисера Чадловска, Ле Фи Фи и др.

На репертоарот на Камерниот оркестар на Битола се наоѓаат дела од сите епохи - од раниот барок, па се до современа класична и популарна музика. Со неговите најпопуларни и најбарани проекти од публиката „Рок Симфонија“ („Rock Symphony”) и „Џејмс Бонд Симфонија“ („James Bond Symphony“) станаа бренд препознатлив низ цела Македонија.

Почетокот на концертот е закажан за 21 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Во наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. 

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава.

„Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “

Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува.

„М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“

Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа.

„Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“

Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Редици и превоз до Битола - пензионерите од неколку градови подигнуваа готовина од Алта банка

Организиран автобуски превоз имаше и денеска пред експозитурата на Алта банка во Битола, каде пензионерите и примателите на социјална помош од неколку градови подигнуваа готовина. 

Редици и превоз до Битола - пензионерите од неколку градови подигнуваа готовина од Алта банка

Редици граѓани повторно пред експозитурата на АЛТА банка во Битола, која и денеска ги отвори шалтерите за исплата на готовина до 20 илјади денари за пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат платежни картички.

Во Битола пристигнаа и клиенти од други градови, откако Народната банка организираше автобуски превоз од Прилеп, Охрид и Ресен. По околу еден час патување, први пристигнаа прилепчани, а нешто подоцна и охриѓани и ресенчани.

Граѓаните велат дека брзо завршиле работа. Сепак очекуваат што поскоро да се нормализира исплатата и во нивните градови, за да не мораат да патуваат на други места за да дојдат до своите пари.

Од понеделник, шалтерска исплата ќе им биде овозможена и на клиентите во Тетово и Струмица. За клиентите во Скопје, каде што АЛТА банка има шест експозитури, засега нема информација кога ќе им биде овозможена ваква услуга. Дополнително, како што најави гувернерот Трајко Славески, од понеделник се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежните картички – од 10 на 15 илјади денари. Славески најави и дека клиентите ќе можат во целост, без ограничување на износот, да располагаат со идните приливи од плати, пензии и социјални трансфери што доаѓаат од институции и компании кои имаат сметки во други банки…Славески и понатаму уверува дека состојбата во АЛТА банка е добра, дека таа е ликвидна и високо капитализирана банка. Вчера откри дека шест потенцијални инвеститори пројавиле интерес за купување на банката, меѓу кои и странски инвеститори, а биле одржани средби и со две домашни банки. Сепак, нивните имиња засега не ги открива.

Во меѓувреме, истече тридневниот рок во кој српскиот регулатор требаше да се произнесе дали белградската АЛТА банка самостојно ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Народната банка најави дека по истекот на десетте дена од воведувањето привремена администрација ќе ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Привремената администрација стапи на сила на 1 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рускиот град Норилск е окован во снег и мраз- темепратурата се спушти на минус 26 (ВИДЕО)

Вистински зимски сцени доаѓаат од рускиот град Норилск, каде што ниските температури, силните ветрови и обилни снежни врнежи создадоа речиси нереални сцени.

Рускиот град Норилск е окован во снег и мраз- темепратурата се спушти на минус 26 (ВИДЕО)

Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува градот покриен со снег, додека силните налети на ветер и леденото време даваат впечаток дека целата област е целосно замрзната во зима, а луѓето се поделени во коментарите. Оние кои го гледаат само на своите телефони - зимските сцени изгледаат прекрасно, додека оние кои мораат да ги напуштат своите топли куќи и да излезат надвор велат дека не е многу пријатно.

Еден од коментарите е многу впечатлив, а корисникот прашал колку (веројатно државата) им дава на луѓето да живеат таму: „Се прашувам колку милиони им даваат месечно за да не избегаат од таму?“

Норилск, еден од најсеверните градови во светот, е познат по својата исклучително сурова клима и долгите зими, но сцените што доаѓаат оттаму повторно потсетуваат на условите во кои живеат жителите на овој град во постудениот дел од годината.

Според извештаите на локалните медиуми, кон крајот на октомври, температурата во некои делови од Норилск паднала на минус 26 степени Целзиусови, додека субјективното чувство на студ достигнало минус 30 степени Целзиусови поради временските услови.

Улиците, покривите и автомобилите покриени со снег и мраз, како и силните ветрови го отежнале движењето уште повеќе и ја намалиле видливоста. Зимското време не е невообичаено во овој дел од Русија, но секој нов бран студ повторно покажува колку е сурова климата на далечниот север.

Норилск се наоѓа над Арктичкиот круг, во област каде што долгите зими, ниските температури и силните ветрови се дел од секојдневниот живот. Жителите се навикнати на екстремни временски услови, додека ваквите сцени се речиси незамисливи за луѓето од потоплите региони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер