Влатко Колев за Канал 5: „Родителите се најголемото зло за децата на терен. Само драконски казни се решение“ - Канал 5

Влатко Колев за Канал 5: „Родителите се најголемото зло за децата на терен. Само драконски казни се решение“

Во утринската програма на Канал 5, “ Здраво Македонијо” гостуваше Влатко Колев - селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години.

Влатко Колев за Канал 5:  „Родителите се најголемото зло за децата на терен. Само драконски казни се решение“

Влатко Колев зборуваше за инцидентот на фудбалскиот натпревар во Штип кога родител на дете од гостинската екипа претепа две деца од домашниот тим.

„Решение за овие проблеми се само драконски казни како за детето така и за родителот, како што се случи за прв пат кај нас. Во минатото имало вакви настани, поминувале со усмени казни и соопштенија, но меѓутоа мора и се признае на оваа фудбалска власт на чело со Масер Омерагиќ кој што доаѓа баш од фудбалот, од теренот, што добро знае што се случило. Само драконските казни се лек за ова. Реакциите што се случуваат на самиот натпревар и после натпреварот во голем дел се залутани на тоа подрачје околу теренот. Тоа тлеело, цел натпревар се случувало и пред и потоа, тоа кулминирало во црвен картон на тоа дете“, додава Колев.

Колев за време на нашиот разговор се надоврза и на тоа како еден родител може да влијае на детето, а објасни и дека според неговото искуство, тоа може да биде многу лошо.

– Мора еднаш да сфатат, родителите се најголемото зло за децата. Штом почне натпреварот, секој сака да се качи на трибина, да го гледа натпреварот, нема никаков проблем. Меѓутоа, реакциите што се случуваат на самиот натпревар и потоа, а и голем дел од нив се залутани на тој простор околу теренот. Тоа не е случајно, не е моментално, тоа се случувало целиот натпревар, дури претпоставувам и пред и потоа, и тоа кулминирало. Меѓутоа начинот на кој потоа се случуваат работите е фрапантен и секоја чест на Фудбалската федерација на Македонија што се осмели на вакви казни – истакна Колевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Од иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата Ристов

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот.

Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв.

-Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР.

Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии.

Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева.

Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите.

Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер