Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи
2Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи
3Мицкоски: Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евра
БалканВластите во Бугарија истражуваат серија убиства поврзани со невладината организација, пронајдени шест мртви лицаШесмина мртви и многу неодговорени прашања – бугарските власти истражуваат серија на убиства поврзани со невладина организација за екологија, а не се исклучуваат и верзијата дека станува збор за култ. Случајот според бугарските власти има елементи на педофлија, особено поради тоа што против невладината организација која организирала и младински кампови, пред две години била поднесена пријава за сексуална злоуботреба на деца и постоење на паравоени структури. Алармот за случајот дополнително го вклучи и фактот што меѓу убиените е и 15 годишно момче. -Убиство, самоубиство, продолжуваме да работиме по апсолутно сите возможни верзии. Во моментов е многу рана фаза да се дадат било какви насоки. Продолжува да не се исклучува верзијата за затворено општество со елементи на секта.- Захари Васков – Главен началник на оддел „Нацинална полиција“ Телата била пронајдени на две различни локации во период од неколку дена. Најпрво на почетокот на месецов во планинарска колиба која ја користела невладината во близила на превојот Петрохан била пронајдени три тела, а неколку дена подоцна во камп – приколка на друга локација биле пронајдени и телата на осомничениот сторител и директор на невладината Ивајло Калушев, заедно со две момчиња – на 15 и 22 годишна возраст, кои случајно биле откриени од моторциклисти. -Ја работам ова работа, особено за кривични дела веќе 31 година. Сум видел многу нешта, но тоа што го видов сега ме шокираше. Два пати повеќе ме шокираше дејството, не само убиството туку дејството на таа невладина организација. / Потресен сум, не знаев дека постојат такви работи. Но, за жал, животот понекогаш нуди шокантни околности од серијата „Твин Пикс“, која можеби некој ја гледал.- Борислав Сарафов – В.Д. Јавен Обвинител на Бугарија Според информациите на бугарските власти, невладината организација го користела запуштениот планинарски дом и го ограничувала движењето на жителите од околните населени места. Биле вооружени, а на многумина им барале лична идентификација на импровизирани барикади во околината на домот. -Ми ги земаа документите, ми велат од каде си? Им велам дека сум од с. Гинци, тука патувам, доаѓам да собирам печурки. / Тие си дозволуваа тука многу, тие луѓе. Кој им го дозволи тоа да репресираат тука така, да ги ограничуваат луѓето од местата горе. /На нас ни се јавија луѓе, туристи и планинари кои од таа организација која била вооружена до заби биле блокирани да не можат да се движат. Планинарскиот дом кој го користела невладината организација како што објави бугарската полиција, бил силно обезбеден, со огради, бариери, безбедносни камери и опрема за надзор која вклучувала и дронови. Лицата кои биле дел од организацијата пак, тврделе дека таму се за да ја штитат шумата и животната средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаДиректорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причиниДиректорот на затворот Скопје Бобан Утковски, поднесе оставка, а како што и самиот потврди за Канал 5, оставката била поради лични причини.. Утковски не сакаше да открива повеќе детали. Од Владата потврдуваат дека Утковски ја доставил оставката и информираат дека истата ќе биде предмет на разгледување на некоја од наредните седници, а јавноста ќе биде информирана откако ќе биде назначен негов наследник. На седница на Влада предлог за нов директор на затворот во Шутка ќе треба да достави директорот за извршување на санкции Александар Пандов, кој за Канал 5 изрази надеж дека наследникот на Утковски ќе биде избран во најкус можен рок. Утковски беше именуван за в.д. Директор на скопскиот затвор во јули 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаРезултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформиТри од четири деца тешко разбираат што читаат, ова е еден од погубниоте резултати од минатогодишноот истражување на ПИСА, што го вклучи алармот за ефектите од досега спроведените образовни реформи.. Новите ПИСА резултати повторно го вклучија алармот за македонското образование и го отворија старото прашање – зошто учениците тешко го применуваат она што го учат во училишните клупи? Експертите посочуваат дека надлежните итно треба да реагирааат за овие состојби а според нив причината не треба да се бара само на едно место, туку во целиот образовен систем – од наставните програми и квалитетот на наставата, до честите реформи кои ги спроведуваат министрите но и начинот на кој се проверува стекнатото знаење. Коментирајќи ги најновите податоци од меѓународното тестирање ПИСА, но и состојбите во образованието воопшто, професорката Викторија Кафеџиска вели дека резултатите на ПИСА се одраз и на пошироките состојби во општеството. -Кај нас постои една трка за оценки, тука е притисокот и врз наставниците, кој доаѓа од родителите и по секоја цена се бараат високи оценки. Нашите одделенија во просек ако ги земете, сите имаат висок просек над 4 над 5 зборувам, резултатите во самите одделенија. И сега ако се дозволи реалното оценување тука и наставникот и детето ќе се најдат некаде, дека треба да се подобри, дека треба нешто повеќе да се прави, оценува професорката. Кафеџиска лоцира уште еден проблем кој според неа можеби е најбитен кога станува збор образованието на младите. -Со вештачката интелигенција сега со што се е можно да направите, да пишувате есеи да решавате математика инт. Затоа треба да се најде некој баланс, меѓутоа овие резултати се поразителни – потенцира Кафеџиска. Професорката во пензија решението во проблемот го гледа во копирање на успешните решенија кои ги примениле земјите од ЕУ но и оние во регионот. -Можеби Србија, Словенија покажуваат за нијанса подобри резултати и тука ние можеби треба да ги бараме и решенијата, тоест да ги копираме. Ако тие навистина имаат подобри резултати, тука сме на Балканот па да ги копираме тие решенија бидеќи на многу пати досега сме копирале решенија од други – објаснува Кафеџиска. Од МОН вчера информираа дека резултатите од ПИСА повторно се многу лоши, а причините ги лоцираат во реформите и образовните политики од претходниот период. Оттаму велат дека ефектите од реформата што во моментов се спроведува во македонскиот образовен систем не можат да се очекуваат веднаш и дека првите позначајни резултати ќе бидат видливи за околу десет години. Последното тестирање ПИСА, кое не го проверува само наученото, туку и способноста на учениците да го применат знаењето и да решаваат проблеми во реални ситуации, покажа дека македонските ученици постигнуваат резултати под просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и природни науки, како и во делот на решавање проблеми во дигитална средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМицкоски: Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евраЗа две години остварени се речиси 1,4 милијарда евра странски инвестиции, изјави денеска премиерот Мицкоски ...Eкономијата расте а за тоа потврда е растот на странските инвестиции, бројките во првите две години од мандатот на владата се двојно повисоки од времето на претходната влада, вели премиерот Mицкоски по критиките на СДСМ за економијата. според Mицкоски резултатите се видливи и на терен, а ветува дека и во следните години владата ќе се посвети на зголемување на животниот стандард. „ Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евра.. / Колку и да сакаат тие да го оцрнат она што оваа влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес и тоа е наша цел како влада. Мотивирани сме како никогаш до сега да испорачуваме. “ Пример за проширување на инвестициите според Мицоски е германската комапнија ВИК која денеска пушти нов производен погон во Прилеп. Таму се планирани нови 300 вработувања, а според менаџментот на фабриката и директорот на ТИРЗ се од оваа инвестиција ќе има големи придобивки целиот регион. „ Веруваме дека тука има голем потенцијал за ВИК и за другите компании, но исто така и за образовниот систем во Македонија. Ако изградиме силна соработка помеѓу владата, образовниот систем и индустријата ова може да биде добра можност за маладите, кога ќе завршат факултети или техничко училиште да пронајдат инспиративна работа во земјава. “ Гоце Димовски – директор на ТИРЗ „ Директорот на ВИК очекува во иднина да инвестира многу повеќе со цел да се креира поголем економски развој во државата. Вик е меѓу пионирите во овој регион, сега во овој нов објект ќе врши производство на таа циркуларна економија која е многу барана во Европа. “ Според последната анализа на ТИРЗ, интересот на инвестирањето во Македонија e зголемен споредбено со претходните години. Во периодот од 2017 до 2019та имало прилив на директни странски инвестиции од 744 милиони евра, а од 2024 година до денес, милијарда и 381 милион евра, или 86% поголем прилив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook