Власта во реализација на планот Б за носење на Законот за обвинителство?

Ако не се изгласа Законот за јавно обвинителство, Собранието нема да се распушти, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој не го доведува во прашање одржувањето на предвремените избори на 12-ти април, но смета дека може да се распишат подоцна. 

Распуштањето на Собранието ќе се одложи доколку не се изгласа Законот за Јавно обвинителство. Ваква најава пристигна од претседателот на СДСМ Зоран Заев кој вели дека законот дозволува собраниски активности и до 45 дена пред изборниот ден, а освен за јавното обвинителство, смета дека гласање пред избори треба да има и за Законот за одбрана и ратификацијата за НАТО протоколот.

Ако се обидува опозицијата да го минира или блокира неговото донесување или гласање, тогаш нормално парламентот нема да се распушти се додека не заврши процесот на изјаснување на законот за ЈО, како и за протоколот за НАТО, законот за одбрана.. Дел од агендата за која се договоривме сите е до распуштање на собранието овие закони да се изгласаат. Ако некој го прекрши тоа нормално дека распишувањето на изборите и распуштање на Собранието нема да се случи.

Во ваквиот став на Заев, од ВМРО ДПМНЕ препознаа обид за одложување на изборите.

Кога Заев виде дека не може да му помине закон за јавно обвинителство за да се спаси од одговорност сега се обидува да одложи избори. Со една реченица власта на Заев му треба за да избегне одговорност за криминалот и корупцијата. – напиша на фејсбук потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Ако во наредните денови не се постигне договор за законите кои ги споменува Заев, Талат Џафери во својство на пратеник ќе поднесе предлог за распуштање на Парламентот. Собранискиот спикер вели дека може да се направи отстапка за неколку денови, но само ако има меѓупартиски договор и распуштањето да не е помалку од 51 ден пред изборите.

Во меѓувреме министерката за правда Рената Дескоска одржува серија средби со помалите пратенички групи, без ВМРО ДПМНЕ, во обид да се стигне до потребните 80 гласа за носење на законот. Од министерството велат дека доколку го обезбедат двотретинското мнозинство, предлог-законот уште утре ќе се стави на владина седница.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски пак преку социјалните мрежи порача дека власта ќе добие поддршка од неговата партија само за закон изработен од експертите коишто дадоа забелешки на дводневната јавна дебата во Собрание.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер