Власта и опозицијата ставовите за Коцевски ги споделија од партиските седишта - Канал 5

Власта и опозицијата ставовите за Коцевски ги споделија од партиските седишта

Откако изостана собраниската дебата за разрешување на државниот обвинител Коцевски, партиите со реакција по неговата неотповикливо оставка се огласија од партиските седишта .

Власта и опозицијата ставовите за Коцевски ги споделија од партиските седишта

Откако изостана собраниската дебата за разрешување на државниот обвинител Коцевски, партиите со реакција по неговата неотповикливо оставка се огласија од партиските седишта – за едните ваквиот потег претставува победа на правната држава, за другите пак обид за окупација на на судството и обвинителството. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека со оваа оставка се ставил крај на еден мрачен период во кој обвинителството било перцепеирано како партиски механизам, и прашаа, дали Коцевски до последен ден чекал да ја напушти позицијата за да им купи време на СДСМ и ДУИ за заташкување на висока корупција.

-Тоа е јасен сигнал за крајот на на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почетокот на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност. Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив. Пораката дека одговорноста е неминовна, а правдата доаѓа. Ова не е крај, туку почеток. Почеток на вистинска, неселективна правда,-Бране Петрушевски – пратеник ВМРО-ДПМНЕ.

Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ВМРО- ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството – стои во реакција на СДСМ по оставката на Коцевски. Тие велат дека на власта и гори под нозе и дека воспоставуа систем по „урнекот“ на Груевски и Вучиќ во Србија.

-Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата. Политички прогон, измислени кривични пријавим, лажни вести, манипулации, злоупотреби на институциите, партизација. Ја пуштија дури и Катица Јанева за да им служи како алатка во политичка кампња. Режим 2.0. Нема да ви помине! Народот ве чека за да ви каже крај.-СДСМ.

Препукувањата за работата на Коцевски траат веќе неколку месеци, а летото пратеници дебатираа и за иницијативата за негова интерпелација.. Опозицијата беше против, но иако власта ја изгласа, Коцевски тогаш не се повлече од функцијата со образложение дека има мандат и не подлежи на таков вид одговорност...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски за прв пат доаѓа во Србија

Украинанскиот претседател Володимир Зеленски треба да пристигне во Србија на 8 август на својата прва посета.

Зеленски за прв пат доаѓа во Србија

Оваа информација беше потврдена за Киев Индепендент од висок украински функционер, пишува Киев Индепендент.

Посетата се смета за симболично важна бидејќи Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Белград се обидува да ги балансира своите врски со Москва и односите со Западот.

Дипломатски односи

Русија историски е еден од клучните дипломатски сојузници на Србија, а земјата е исто така во голема мера зависна од рускиот природен гас. Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на воената парада за Денот на победата во Москва минатата година, но оваа година не присуствуваше на церемонијата.

Во исто време, Вучиќ ја оствари својата прва официјална посета на Украина во јуни 2025 година и учествуваше на самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса. Тој повторно беше во Киев на 15 јули оваа година како дел од делегација на европски лидери по повод Денот на државноста на Украина.

Според некои извештаи, Србија индиректно ја снабдувала со оружје Украина, но Вучиќ јавно ги негираше овие тврдења во мај 2025 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заборавете ги џиновските екрани и вештачката интелигенција – возачите го сакаат ова

Што најмногу сакаат купувачите кај нов автомобил? Греењето на седиштата е на прво место.

Заборавете ги џиновските екрани и вештачката интелигенција – возачите го сакаат ова

Производителите на автомобили сè повеќе инвестираат во напредни технологии и дигитални системи, но истражувањето на „AutoPacific“ покажува дека купувачите сè уште најмногу ги ценат практичните карактеристики што ги користат секој ден.

Во анкета спроведена меѓу повеќе од 19.000 возачи кои планираат да купат автомобил во следните три години, дури 47 проценти од испитаниците рекле дека греењето на седиштата е нивната најпосакувана опрема во ново возило, пишува „Motor1“.

Веднаш зад него се предните и задните сензори за паркирање (45%) и автоматското сопирање при возење наназад (44%).

Исто така, голем интерес постои за електрично прилагодливи предни седишта, помош при промена на лента, адаптивен темпомат со одржување на лента, предупредување за возила што се приближуваат од страна при излегување од паркинг место, безжично полнење на телефон и вградена камера.

На листата на најбарани опции се наоѓа и погон на сите тркала, што е важно за 39 проценти од испитаниците.

Анкетата, исто така, покажа дека возачите сè повеќе им веруваат на напредните системи за помош. Дури 62 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат проблем да го остават својот автомобил да извршува одредени задачи, како што се задржување на возилото во лента или автоматско паркирање. Ова е повеќе отколку во претходните години, што покажува дека довербата во современите безбедносни технологии продолжува да расте.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремната топлина и ниското ниво на водата на Дунав предизвикаа проблеми со водоснабдувањето во Унгарија. Ограничувања на водата се воведени во повеќе од 600 населби.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремна суша и долготраен топлотен бран сè повеќе ја погодуваат Унгарија, каде што ограничувања на водата за пиење се воведени во стотици населби. Властите предупредуваат дека последиците од високите температури не влијаат само на водоснабдувањето, туку и на енергетската инфраструктура.

Според унгарската влада, мерки од прво ниво се воведени во 465 населби, мерки од второ ниво на 151 место, додека најстрогите ограничувања се на сила во 13 населби.

Ниското ниво на водата на Дунав е особено загрижувачко. Нивото на реката во Пакш се спушти на само 135 сантиметри, поради што властите преземаат дополнителни мерки за да обезбедат стабилно работење на нуклеарната централа Пакш.

Дополнителни лебдечки пумпи се инсталирани на пумпните станици, додека резервни единици се распоредени во пристаништето и на копно за да се обезбеди непречено ладење на објектите.

Работната група за одбрана ја разгледува состојбата со снабдувањето со енергија и последиците од недостигот на вода, додека метеоролозите предвидуваат дека екстремните температури ќе продолжат.

Највисокото предупредување за топлотен бран, ниво три, би можело да остане на сила, а нов бран на екстремна топлина се очекува од 6 до 11 август.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер