Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за стабилноста на владиното мнозинство - Канал 5

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за стабилноста на владиното мнозинство

Продолжуваат меѓупартиските препукуавња помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по превирањата во Вреди.

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за стабилноста на владиното мнозинство

Опозицијата со обвинувања дека Владата е нефункционална и нестабилна и дека државата стагнира додека владините колаиционери меѓусебно се расправаат. Владата е стабилна, функционална и целосно посветена на екомомскиот раст и развој на државата, возвраќааат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив единтвената работа која функционирала во времето на СДСМ и ДУИ се криминалот и корпуцијата. За политичкиот аналитичар Петар Арсовски пак, не може да се зборува за нестабилност на Владата се додека не се донесе коченчна одлука околу учеството на Таравари во владината колиција. Но, дури и тој да излезе од неа функционалноста на Владата нема да биде доведена во прашање бидејќи парламентарното мнозинство ќе остане стабилно.

„Ние нема да знаеме колку е стабилна или нестабилна владата додека не се случи таа фамозна средба помеѓу Мицкоски и Таравари и да го имаме тој епилог. Владата ги има бројките и таа може теретски да функционира и без Алијанса за Албанците. Нема да биде ниту нефункционална, ниту несатбилна бидејќу ВМРО-ДПМНЕ сами имаат 58 пратеници. Но, може да се случи да и се наруши политичкиот капитал и политичкиот кредибилитет. Долготрајно таа нема да може да го издржи тој притисок, но на краток рок до локланите избори секако може. “– Петар Арсовски

Арсовски ваквите меѓупартиски препукувања ги оценува како дел од прдизборниот меркетиг и очекува дека тие ќе се засилуваат во пресрет на локалните избори.

„Секако ќе се засилуваат и тензиите помеѓу двете политички партии ќе се зголемуваат. Близината на изборите секако тоа дополнително го засилува, но и сегашната реторика на силна тензија и антагонизам помеѓу двете најголеми партии исто така го поткрепува тој наратив. Не очекувам дека таквите соопштенија воопшто ќе застанат“.– Петар Арсовски

Дали Алиајанса ќе остане дел од валдеачката колиција ќе се знае по средбата Мицкоски – Таравари која според најавите ќе се одржи по Првомајските рпазници.

YouTube video

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

 Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, ја презедоа водечката позиција на крајот од првата слободна тренинг сесија пред Големата награда на Емилија-Ромања, со која започнува европскиот дел од сезоната во Формула 1 во 2025 година.

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

Во Имола, лидерот во светскиот шампионат, Пјастри, запиша време од 1:16.545, победувајќи го својот тимски колега Норис за 0,032 секунди. Сепак, Британецот го постави својот најбрз круг во својот втор летечки круг на меките гуми, кои се од смесата Ц6, која го има своето деби во Формула 1 овој викенд.

Трет на крајот од првиот час подготовки во Имола беше Карлос Саинц, 0,052 зад Пјастри, додека Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа четврти и петти. Двајцата беа за 0,054 и 0,096 побавни од Пјастри, соодветно.

Викендот на Големата награда на Емилија-Ромања, седмата рунда од сезоната 2025 во Формула 1, продолжува во 17:00 часот по наше време со втората слободна тренинг сесија во Имола.

Русија и Украина разменија останки на војници

Русија и Украина повторно ги разменија телата на војниците убиени во конфликтот.

Русија и Украина разменија останки на војници

-Киев ги прими останките на 909 војници, соопшти денеска персоналот одговорен за прашања поврзани со воените заробеници. Војниците беа убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Харков и Суми.

Некои од останките дојдоа од мртовечници во Русија. Украинската армија со месеци окупираше делови од западниот руски регион Курск во близина на границата.

Според соопштението, Меѓународниот Црвен крст посредувал во размената. Руските медиуми објавија дека руската страна примила 34 тела.

Видео: Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше дочеканасо голема љубезност од премиерот Еди Рама, кој исто така покажа гест на учтивост кон неа со отстранување на чадорот и клекнување на колена.

Видео: Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

Таа реагираше со зборовите „Еди престани... Тој го прави ова за да биде висок колку мене“, рече Мелони, шегувајќи се.

Мелони беше прашана од новинарите дали планира да го посети италијанскиот центар за имигранти во Ѓадр, на што одговори дека „не може да го посети денеска поради ограниченото време“, но додаде дека „работата таму продолжува“. Според неа, ова покажува дека работите се на вистинскиот пат.

- Немам време да навлегувам во детали, но работата продолжува, а ова исто така ја докажува брзината на работењето. Покажувајќи, како што ветивме, дека сме на вистинскиот пат, рече кусо таа.

притисни ентер