3СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите - врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?
КултураВладо Јаневски е добитник на наградата „Стојан Христов“Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво.Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, а во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата во состав Митко Гогов (претседател), Иван Шопов (член) и Игор Трпески (член) од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На грбот на неповратот“. - Поетската збирка „На грбот на неповратот“ од македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија несомнено се издвојува од останатите по квалитетот, поетскиот пристап, како и естетските вредности со кои се одликува. Јаневски пишува приказно и прецизно, стилски префинето, а стиховите се надоврзуваат ритмично, честопати со наративните тонови балансирајќи помеѓу личното и колективното, интимното и општочовечкото. Песните се испишани со куси, слободни стихови, а тоновите во нив се меланхолични, рефлексивни, на моменти мрачни, но и имплицитно бунтовни. Евидентна е и јасно видлива грижата за структурата на книгата при поделбата на пет тематски кохерентни циклуси, кои сочинуваат цврста заокружена целина - соопшти жири-комисијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови цени на горивата: Бензинот поскапува за 3 денари, дизелот за 4,5 денари Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај дизелот за 7,442%, кај екстра лесното масло за 8,051% и кај мазутот зголемувањето е за 8,159%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0397%. Од 28.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 48,099 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,726 ден/кг. и сега ќе изнесува 48,099 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштуваат од РКЕ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран повторно ѝ се закани на Бугарија Иран упати ново предупредување до Бугарија дека им дозволува на Соединетите држави да ги користат нејзините воени бази, што дополнително ги засили дипломатските тензии меѓу Техеран и Софија. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews. Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи рече: „Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази“. „Заемна почит“ Во соопштението се додава дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај и тврди дека во минатото биле донесени слични одлуки за „поддршка на американските воени операции против Иран“. „Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија. Со децении односите меѓу нашите два народи се засноваа на взаемно почитување“, се заклучува во пораката на иранското министерство. Последната реакција на Техеран дојде само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер на социјалната мрежа Truth Social. „Ви благодарам, премиере Радев! Бугарија стои со Трамп и го поддржува распоредувањето на американската воздухопловна база и покрај заканите од Иран“, напиша Трамп. Thank you Prime Minister Radev! Bulgaria Backs Trump, Approves US Air Base Support Despite Iran Threats: https://t.co/UHdRKKBSHf ( TS: Jul 24 2026, 1:01 PM ET ) pic.twitter.com/iorTD29CIL — Commentary Donald J. Trump Truth Social Posts On X (@TrumpTruthOnX) July 24, 2026 Министерот за одбрана го минимизира ризикот Ваквата размена на пораки предизвика загриженост во Бугарија, но министерот за одбрана Димитар Стојанов се обидува да ја смири јавноста. Говорејќи за бугарската телевизија bTV, Стојанов рече дека не е загрижен за можноста од ирански ракетен напад врз Бугарија, но призна дека „се е можно“. Кога станува збор за стравот од потенцијални терористички напади, министерот тврди дека ризикот сега е помал отколку во периодот кога на цивилниот аеродром беа стационирани американски воени авиони. Претходно оваа недела, бугарскиот парламент го одобри преместувањето на американските авиони во воената воздухопловна база Безмер. Таа одлука предизвика протести кај локалните жители, кои стравуваат дека областа може да стане цел поради растечките регионални тензии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаСДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите - врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски - министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар.Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти“. Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети. За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз основа на тие наоди здравствените власти може да препорачаат таа вода дали може или не може да се користи, особено кај деца, постари лица и други ранливи категории граѓани. Одговори треба да дадат надлежните здравствени институции а не министерот за полиција. Прашањето е следното: Врз основа на кои параметри од анализите заклучија дека водата може да се користи како техничка? И дали граѓаните можат безбедно да ја користат за лична хигиена? Второ: За ова не може да зборува инженер од животна средина или раководител на сектор за санитарна контрола од Водовод Скопје. Институтот за јавно здравје и Марија Андоновска треба да излезат и јасно да објаснат за што точно смее да се користи оваа „техничка“ вода. Кој стои зад оваа одлука? Нека Тошковски и владата на Мицкоски го објават официјалниот документ со анализите на водата. Кој го потпишал? Кој институт? Објавете го официјалниот документ. Граѓаните имаат право да знаат, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook