АвтомобилизамВладо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAIЛидер во Eвропскиот сегмент на кросовери - со моќен став, аеродинамично компактна форма, моделот Qashqai e горд претставник на новата визија на брендот, а од сега и придружник на омилениот Mакедонски поп пејач и композитор Владо Јаневски.“Мојата приказна со новиот Nissan Qashqai почна филмски, како љубов на прв поглед. Додуша еднострано, бидејки автомобилот не ме виде мене па да се вљуби, ама јас кога го видов ме обзема чувство на инстант атракција. И како во секоја љубовна приказна првичната привлечност поради модерната и префинета надворешна естетика на моделот во бисерно бела изведба со црни детали, набрзо ми се надополни со удобноста и содржините во кабината, како и перформансите во движение. Навистина сум вљубен во мојот нов Nissan Qashqai. Задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор од страна на Аутомотив Груп, чест ми е да соработувам со бренд кој со децении опстојува на врвот во својата област и константно се надградува во квалитет. Однапред се радувам за секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала – Nissan Qashqai – добар за околината и уште подобар за мене! “– изјави Владо Јаневски. Најновиот модел на Qashqai е изработен на новата платформа на Alliance CMF-C која ги поткрепува неговите технолошките надградби, додека пак иновативниот систем e-POWER носи електрификација на истиот. Tехнологијата е-POWER користи електричен мотор за управување на тркалата, нудејќи моментално забрзување и тивко работење EV - без ограничување на опсегот или грижа за да се пронајде полначот. За разлика од традиционалните хибридни системи, бензинскиот мотор делува како генератор - агрегат за полнење на литиум-јонската батерија со која се полни електричниот мотор. Ултимативен кросовер: Внатрешноста на новиот Qashqai е напредна и софистицирана: Јасен и функционален 10,8“ дисплеј, 12,3“ дигитална инструмент табла* и 9“ HD NissanConnect дисплеј* со напредни поврзани услуги. Трите големи екрани работат заедно во совршена синхронизација за побезбедно, појасно и пооптимизирано возење ; Вашиот личен простор никогаш не бил поинтимен и персонален: 10,8“ WINDSCREEN HEAD-UP DISPLAY 12,3“ FULLY DIGITAL METER - Екран со висока резолуција со големи можности за конфигурација врз основа на расположениетo или потребaтa на возачот ; Максимален капацитет за багажен простор - до 1.593L; Around View Monitor Ви овозможува 360° преглед на вашиот автомобил, со фокусиран избор на погледот на предниот, задниот како и страничен дел, со цел да Ви помогне да паркирате со доверба и супер контрола, 4 камери со висока резолуција за појасен преглед на околината на помала брзина како и одредени ситуации во паркирањето за побезбедно чувство ; Опремен со напредни технологии дизајнирани да го следат патот, да се осигурат дека сите патници се безбедни и да дадат максимален мир при возењето; ProPILOT со NAVI-Link; И многу повеќе за неговите карактеристики на следниот линк: http://nissan.mk/vozila/noviot-nissan-qashqai/ Моделот Nissan Qashqai е изложен во ексклузивниот салон на брендот Nissan и е достапен за тест возење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка Нова романса на повидок, холивудски актер виден со жена помлада од него за 31 годинаХоливудската ѕвезда, актерот Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн. 71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо. Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски. Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук. Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот. По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени. Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер. Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.Тагови: Кевин Костнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема. На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди. Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај. Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter