Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST - Канал 5

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија во областа на сајбер безбедноста и нејзината посветеност кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност.

Овој успех е резултат на домашни човечки и инфраструктурни капацитети на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од партнерите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Членството во FIRST овозможува поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при превенција, откривање и справување со сајбер закани и инциденти.

Со ова, Македонија реализира уште еден важен чекор од Реформската агенда, со рок до 30 јуни 2026 година, и создава услови за отклучување нови средства од Планот за раст.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со инвестирање во капацитетите на службите за одговор на сајбер инциденти, во заштитата на владините институции и во испораката на безбедни дигитални услуги за граѓаните и компаниите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локализиран пожарот кај Солун

Пожарот што уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега во близина на Солун преку ноќ е во голема мера локализиран и повеќе нема активен фронт, пренесува Грчкиот Екатимирини.

Локализиран пожарот кај Солун

Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 противпожарни возила, пет копнени екипи, два авиона и два хеликоптери, остануваат на местото на настанот во Ореокастро, предградие на градот.

Пожарот сега е ограничен на пошумена област, каде што пожарникарите се концентрираат на спречување на разгорување во две фабрики уништени од пожарот – фабрика за рециклирање и текстилна фабрика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесен

На 23 Светски фудбалски шампионат во САД, Канада и Мексико продолжува  битката за места во елитното четвртфинале.

Осми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесен

Осмиот ден од нокаут рундата носи два супер неизвесни меча. Зе место меѓу осумте најдобри ќе играат Бразил - Норвешка во 22:00 часот, и Мексико -нглија во 02:00 часот по полноќ.

Останатите натпревари од осминафиналето се: Португалија против Шпанија, САД против Белгија, Бразил против Норвешка, Мексико против Англија, Аргентина против Египет и Швајцарија против Колумбија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Луксембург по максимален ефект – Македонија го затвора првиот претквалификациски циклус

Денеска од 16 часот, нашата најдобра кошаркарска селекција ќе се обиде да ја забележи и шестата победа во претквалификациски циклус.

Во Луксембург по максимален ефект – Македонија го затвора првиот претквалификациски циклус

Македонската сениорска репрезентација денеска (16 часот) ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029.

Во „Националниот центар за спорт и култура“ во Луксембург, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се соочат со домашната селекција, со јасна желба квалификацискиот циклус да го завршат со максимален учинок.

Со пет победи во исто толку одиграни натпревари, Македонија веќе го обезбеди првото место во групата „А“ и пласман во следната фаза од претквалификациите.

Иако дуелот нема резултатско значење, во нашиот табор владее желба успешната серија да биде продолжена и во Луксембург.

Лука Стојановски, еден од најстандардните репрезентативци во последните квалификациски циклуси, очекува натпреварот да биде добра можност за дополнително воигрување на тимот и за поголема минутажа на сите кошаркари кои се во составот.

„Факт е дека ова е натпревар без никакво резултатско значење. Освен тоа настапуваме без најдобрите играчи од Македонија. Но на тоа гледаме како одлична шанса за поголем простор за играчите кои се тука, од поискусните до оние најмладите. А тие минути индивидуално треба да ги одиграме зрело, а во меѓувреме да работиме на тимската хемија на теренот“, вели Стојановски.

И покрај тоа што првото место е веќе обезбедено, мотивацијата не изостанува. Напротив, во националниот тим владее убедување дека серијата победи треба да продолжи и на последното гостување во оваа фаза од натпреварувањето.

„Точно е дека со победата против Ирска веќе ја завршивме работата. Но никој од нас не планира да се опушти. Напротив, ќе играме максимално одговорно, бидејќи сакаме победа за крај на квалификациите. Кој и да истрча на теренот, сигурно ќе даде сѐ од себе бидејќи само така можеме да ја постигнеме целта“, порача Ваљмир Какруки.

Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија започнува во 16 часот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер