3СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотВладиката Партениј: Од вакцините да не се прави теологија Игуменот на свештената бигорска Обител, епископ Антаниски, господин Партениј, во врска со актуелната проблематика со вакцините, порача дека од нив во никој случај не треба да се прави теологија, ниту да се третираат како црковно прашање.– Кој има недоумици, нејаснотии, нека се консултира со матичниот доктор, со некој друг специјалист за тоа, со некоја компетентна институција. Не е работа на духовниците да кажуваат за ефикасноста или опасноста од вакцините. Да не ги мешаме тие работи, бидејќи, во спротивно, гледате, тоа нè понижува сите, нè прави примитивни, декадентни, го понижува Христијанството, кое е вера на светлината, на просветлението, на возвишеното, рече г. Партениј во едно од неговите слова одржани деновиве. Додава дека згора на тоа, не треба да заборавиме дека Христовата Црква отсекогаш ја поддржувала и поттикнувала медицината. -Апостолот и евангелистот Лука, на пример, бил лекар по професија. Првите организирани болници и медицински центри биле отворени во манастирите. Значи, Бог ги благословил лекарите и медицината. А сега гледаме таму како некои од тие недоучени „учени", знаат сè, се разбираат и од медицина и од вирологија, точно знаат што содржат вакцините и пишуваат сè и сешто. Затоа, внимавајте, не верувајте на секој што ќе напише нешто на оваа тема на интернет. Денес има многу голема опасност од таквите незналци, зашто преку социјалните мрежи им е даден голем простор, вели тој. Посочува дека Свети Јован Богослов, дури во времето кога немало интернет и кога „подигрувачите и незналците немале толкави можности да го шират своето влијание", сепак почувствувал потреба да ги предупреди христијаните: проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот. Бидејќи, нагласува, знаеме дека и тогаш во Црквата имало такви кои си земале за право да зборуваат нешто кое не се согласувало со апостолското учење. Во целиот период на пандемијата со Ковид-19, во Бигорскиот манастир и неговот метох, манастирот „Свети Георгиј Побдоносец" во Рајчица, празнувањата секогаш биле согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, како и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. -Така ќе биде и празнувањето на споменот на сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во Бигорскиот Манастир, со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење соодветно растојание, носење заштитни маски и ограничување на бројот на присутни, информираа од Бигорската обител. Вечерва ќе се отслужи сеноќно бдение, со Света архијерејска Литургија, што ќе започне во 21:30 часот, со која ќе чиноначалствува владиката Партениј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраина: Подготовка за најлошото сценариоУкраина е подобро подготвена за можни руски напади врз нејзината енергетска мрежа отколку што беше минатата зима, иако е невозможно целосно да се заштити секој објект, рече премиерот Сергеј Коретски.Коретски рече дека владата развила сеопфатен план за отпорност и подготвува механизми за одговор, од основни вонредни состојби до најтешки кризни сценарија. „Зимата ќе биде тешка - немам ништо ново да додадам на тоа. Но, ние немаме друг план освен да ја поминеме оваа зима со достоинство“, рече Коретски. Коретски рече дека руските сили продолжуваат да вршат интензивни воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура, што ја прави целосната физичка заштита невозможна. Сепак, тој нагласи дека искуството од претходната грејна сезона значително ја зголемило подготвеноста на земјата. „Русија може да го гледа тековниот период и зимската сезона како можност за брз притисок врз Украина“, објасни Коретски, додавајќи дека владата има намера да се справи со наредните месеци преку внатрешна координација и континуирана помош од меѓународните партнери. Според премиерот, клучот за стратегијата на Украина за претстојната зима е децентрализацијата на критичните комунални системи и мрежи од кои зависи основниот живот, на регионално, градско и окружно ниво. Целта е да се спречи локализирана штета што ќе предизвика колапс на целата електрична мрежа. Извор: Б92Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразенНискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството.СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап. За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе пред камери и ја вклучи машината за бајки.Овој пат пензиите му пораснале „16 пати“ повеќе отколку во времето на СДСМ, а граѓаните наводно живееле подобро отколку пред три години. 16 пати. Не процент. Пати. Како да зборува за казино, не за држава. А со оглед дека Државната лотарија веќе му е приватна каса, речникот му е логичен. Оттаму излегоа 5,5 милиони евра за прослава на независноста и концерт на Дејвид Гета, откако истиот човек претходно рече „нула денари“. Нема провизии од Лотарија, вели. Ги нема затоа што повеќе не се кријат. Сега се викаат спонзорство, дивиденда и патриотизам. Македонија кај него е економски тигар. Само народот тоа уште не го видел на сметката. Затоа арамијата Мицкоски не го мери животот на граѓаните со паричник и фрижидер. Го мери со табла, како Вучиќ: црта стрелки нагоре, додека дома сметките одат нaгоре. Веќе сме „меѓу првите“ во туризам и авиосообраќај, „трети“ по економија во Европа. Тоа го нема во животот на граѓанинот. Тоа го има само на неговата табла. Едно прво место не го кажува: први сме по срам поради него и по најниска плата во Европа - повторно поради него. Реалната состојба е сосема спротивна од бајките на Мицкоски. Во касата нема пари за достоинствени пензии, па се задолжуваат од недела на недела. Парите се топат во криминални тендери и во спектакли. Дупката во ПИОМ зема замав. Вториот столб повеќе не е сигурност на работникот, туку резерва од која ВМРО-ОКГ сака да се нахрани - да ги одземе заштедите на граѓаните и да ги претвори во крпење на сопствениот дефицит. Со пензиите си играат, а најранливите ги држат во страв. Класична десничарска банда: крупниот капитал се штити, сиромаштијата се украсува со бројки. Ова не е економија. Ова е пропаганда на организирана криминална група која државата ја води како сопствен штанд, статистиката како рекламен постер, а Лотаријата како благајна за журки. Пензионерот не живее во кабинетот на арамијата Мицкоски. Пензионерот живее во продавница, во аптека, на сметка за струја и во редици пред шалтер. А таму нема 16 пати ништо - освен повисоки цени. Таму има поскап живот и евтина лага. Ако навистина се живее подобро, зошто шефот на бандата мора секој втор ден да го објаснува тоа со калкулатор и фломастер? Луѓето што јадат не им треба предавање. Им треба намалување на цените, не бајка за пензии и диџеи платени од народна каса. ВМРО-ОКГ го прави класичниот трик: укради го буџетот, укради ја Лотаријата, потоа укради ја и бројката. Земи ја пензијата како ПР-алатка. Фрли ја вината на СДСМ. Прогласи победа. И барај аплауз затоа што граѓанинот добил парче од тоа што претходно му го зеле. Нема 16 пати поголем раст. Има 16 пати поголем цинизам. Нема подобар живот од пред три години. Има само режија на лагата. Нема трета економија во Европа. Има прва банда на власт. СДСМ нема да се расправа со бајките на Мицкоски, ќе ја расчисти маглата, затоа што граѓаните ја знаат вистината. Граѓаните не гладуваат затоа што немале консултант. Гладуваат затоа што ВМРО-ОКГ ја претвори државата во плен, Лотаријата во касичка, а премиерот во раскажувач на бајки. Кога арамијата вели дека тече мед и млеко, проверете му ги џебовите. Медот е кај него. Сметката е кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook