Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
ТехнологијаВладејачката ЦДУ бара забрана за Инстраграм и Тик Ток за деца под 14 години во ГерманијаГерманската владејачка партија ЦДУ побара воведување законска минимална старосна граница од 14 години за користење на социјалните мрежи како Тик Ток и Инстаграм.Во усвоениот документ се наведува дека државата не смее да остане неутрална додека децата се изложени на платформи дизајнирани за максимално привлекување на вниманието и влијание врз однесувањето. Конзервативците бараат национално и европско законодавство со кое платформите ќе се обврзат на строги системи за проверка на возраста, кои ќе бидат во согласност со заштитата на податоците. Според предлогот, едноставното кликнување на поле за потврда на возраста повеќе не треба да биде доволно, а секое прекршување на овие правила треба да повлекува високи парични казни.Тагови: Инстаграм Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook