Владата врз основа на анализи развива стратегии и сценарија за справувањето со Ковид 19

Владата врз основа на сите анализи развива стратегии и сценарија што значат и краткорочно и долгорочно планирање. 

Краткорочни се оние што ги носиме и се, пред се, детерминирани од одредени состојби во одреден момент, одговори премиерот Оливер Спасовски на новинарското прашање дали се размислува за излезна стратегија од актуелната криза со оглед на тоа што пандемијата на коронавирусот може да потрае со месеци, а економски и психолошки е неиздржливо граѓаните да продолжат со ваквиот начин на живот.

Колку би траела оваа криза, дециден е Спасовски, тоа никој не може да го предвиде, меѓутоа едно е важно-таму каде што се почитуваат до крај мерките имаме и добри резултати и кризата трае што е можно пократко.

-Колку ние како граѓани ќе бидеме одговорни и посветени, толкава би била и должината на кризата. Секако дека ова ќе има сериозен удар и негативни ефекти на економијата и тие нема да завршат со завршувањето на здравствената криза. Наше е преку стратегиите што ги изготвуваме, преку помошта што ја даваме на економијата во овој дел, да помогнеме да ги сочуваме работните места, да ги сочуваме компаниите и по завршувањето на здравствената криза сите заедно да пробаме да го вратиме животот во нормала и да напаравиме што е можно поголема економска активноста и да имаме што е можно помали штети. Сепак, од сите нас зависи колку долго ќе трае овој процес на криза, истакна Спасовски.

Со оглед на зајакнување на мерките за движење дали се разгледува можноста за давање дозвола за движење деца со посебни потреби, беше прашањето упатено до министерот за здравство Венко Филипче, на што тој одговори дека тоа е специфично прашање што стигнало и до Министерството за здравство, каде имало интезивна комуникација, но и оти има повеќе групи граѓани кои бараат некои ослободувања од рестрикциите во движењето.

– Имавме интензивна комуникација и со Министерството за информатичко општество за тоа како формално правно ќе се регулира и со која документација ќе се формализира, така што во текот на денешниот ден или утре ќе излеземе со конкретна информација, но го имаме предвид барањето со оглед на тоа што постои одредена група граѓани со одредени дијагнози за кои дури и се препорачува излегување надвор, образложи Филипче. /МИА

Протести во Тел Авив- Израелците бараат ослободување на заложниците (ВИДЕО)

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држi исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

Како што пренесува Ројтерс, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив.

Една од нив е Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски бил киднапиран за време на нападот на Хамас на израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво. Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал.

„Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг.

„Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност ја води најекстремниот фундаменталист , чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали, единственото нешто што може да направи меѓународната заедница е да изврши притисок врз двете страни да ја прекинат војната, да го прекинат ова и да започнат мировни разговори.

Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

Неверојатна сцена во рингот: УФЦ борец по победата „ја поздрави“ публиката со гол задник(ВИДЕО)

Ноќеска се одржа UFC Fight Night во Сент Луис, а во главната борба Дерик Луис го победи Родриго Насименто.

Имено, триесет и девет годишниот Луис на почетокот на третата рунда го победи осум години помладиот Бразилец, се разбира со нокаут, а следеа уште неколку удари, по што судијата ја прекина борбата.

Сепак, сето тоа не беше главниот впечаток на вечерта, туку испадот на Луис по мечот кој го сподели УФЦ.

Додека на противникот, кој го забележа вториот пораз во 14 борби, му се помагаше, Луис го извади јазикот, па ги соблече шорцевите и почна да го „лади“ со нив за да се вразуми. Потоа Луис остана во своите боксери, а потоа реши да финишира и да им ја покаже својата „задна страна“ на публиката.

Не помалку интересно беше и интервјуто во октагонот по борбата.

- Му благодарам на Сент Луис што ми дозволи да го покажам задникот. Не сакав да дозволам некој таксист од Бразил да ме тепа. До вечерва никогаш не сум слушнал за него – изјави Луис, кој потоа најави повлекување со реплика од култниот филм „Смртоносно оружје“.

- Престар сум за ова сра*е. Имам скоро 40 години, знаеш ли колку е тешко да се направи ова? Ќе размислувам за сѐ – изјави Луис, кој во својата ММА кариера забележал 28 победи и 12 порази. Тој 23 пати го нокаутирал противникот, од кои 15 во УФЦ.

Мишустин го предложи составот на новата руска влада, главните ресори се обврска на Путин

Новоизбраниот руски премиер Михаил Мишустин денеска до Државната дума поднесе предлог за кандидати за министри во неговата влада, со исклучок на министрите од секторот за безбедност и надворешни работи.

Според указот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, Мишустин ќе има десет заменици, од кои еден прв вицепремиер, еден вицепремиер - овластен претставник на претседателот на државата во Далечниот источен федерален округ и еден вицепремиер, односно претседателот на Кабинетот на министри, пренесува ТАСС.

Мишустин предложи да се назначи Денис Мантуров, кој беше вицепремиер и министер за индустрија, за прв вицепремиер.

Виталиј Савелиев, актуелен министер за транспорт и Дмитриј Патрушев, актуелен министер за земјоделство, можат да станат вицепремиери.

Тој го предложи Роман Старовојт, гувернер на областа Курск, да го замени Виталиј Савељев во Министерството за транспорт, а неговиот прв заменик Оксана Лут да го замени Дмитриј Патрушев во Министерството за земјоделство.

Гувернерот на Калининградската област Антон Алиханов би можел да стане министер за индустрија, гувернерот на Кемеровската област Сергеј Цивилев е предложен за министер за енергетика, а гувернерот на територијата Хабаровск, Михаил Дегтјарев би можел да раководи со Министерство за спорт.

По инаугурацијата на претседателот на Руската Федерација, за прв пат ќе се формира Влада според новите правила утврдени со измените на Уставот на Руската Федерација од 2020 година.

Тој акт предвидува посебна процедура за именување министри од безбедносните ресори - МВР, Министерството за вонредни ситуации, Министерството за одбрана и Министерството за правда и Министерството за надворешни работи, предложено од претседателот на Русија, по консултации со Горниот дом на парламентот - Советот на Федерацијата.

притисни ентер